Заев: Никој не смее да преговара под уцени


Заев: Никој не смее да преговара под уцени - МИА

Скопје, 30 јуни 2020 () – Претседателот на СДСМ Зоран Заев очекува дека на претстојните избори ќе добијат голема поддршка која, како што рече, ќе ни даде можност да избереме врз основа на принципи, на вредности, со кои ќе влеземе во коалиција.

-Бројките кажуваат дека сами можеме да оформиме парламентарно мнозинство. Широка, најголема, најбројна и мултиетничка комплетна коалиција со која настапуваме. Но, секако, ќе избереме една од политичките партии да влезе во коалициската влада и во парламентарното мнозинство, во зависност од тие вредности и принципи. Секако тоа ќе биде една албанска партија, дали ќе биде ДПА, Алијанса, Алтерантива или шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ние парламентарното мнозинство ќе го обезбедиме, рече Заев. Додаде дека ако ДУИ се откаже од уцени и услови кои ги прават е подготвен да разговара. Смета дека добро е ДУИ да помине во опозиција.

Заев, во вечерашниот дуел на ТВ 24 со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека би разговарал со ДУИ за формирање влада по изборите ако се откаже од условот нивниот кандидат Насер Зибери да биде премиер.

-Уцената дека ДУИ ќе влезе во влада со таков услов не смееме да ја дозволиме. Прво граѓаните се единствени кои ќе одлучат со својот глас кој ќе биде иден премиер, СДСМ ќе има најголем број на пратеници, секако верувам дека можеме да дојдеме и до 60 и повеќе пратеници, рече Заев, кој посочи дека нема проблем со етничката припадност.

Заев рече и дека е  спремен да му отстапи13 пратеници на Мицкоски за да формира малцинска влада или ќе барам од него да отстапи шест за тие да формираат малцинска влада. – Никој не смее да преговара под уцени, порача Заев.

Според Мицкоски,  математиката на Заев е лоша бидејќи, посочи,  на неговата коалиција би и фалеле еден или двајца пратеници, ане 13  за мнозинство во Собранието.

„Јас би кажал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада, постојат луѓе кои се дел од коалицијата ’Можеме‘ кои евентуално во иднина ќе ги поддржуваат политиките на ВМРО-

Заев најави дека се насочени на позитивна кампања, промоција на економски раст, поголеми примања на граѓаните, инвестиции во државата, отворање нови работни места, квалитетен живот за сите, водење на еколошка држава…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека идната влада ќе ја раководи ВМРО-ДПМНЕ, ќе има реален раст на просечната плата, на пензиите, вистински инвестициски бум, најави дека во првите 100 дена ќе донесат три сериозни големи компании, а имињата не ги соопшти. Појасни дека ќе прават коалиција со сите оние ќе им бидат компатибилни во нивната програма, кои ќе ја прифатат програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде мандатар со тоа што ќе го дадат својот глас на избори и оти тоа не се договара на маса.

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*