Во Македонска Каменица уништен партиски билборд на носителот на листа во ИЕ 3, Љупчо Николовски


Во Македонска Каменица уништен партиски билборд на носителот на листа во ИЕ 3, Љупчо Николовски - МИА

Македонска Каменица, 6 јули 2020 () – Во Македонска Каменица уништени партиски билборд со ликот на носителот на листа во ИЕ 3, Љупчо Нилочовски. Прва на ваквата вандалска појава реагираше градоначалничката Соња Стаменкова.


 

-Чкртано, фарбано, нефарбано, јасно се познава кој човек е на фотографијата. Љупчо Николовски, носител на листата во ИЕ 3, е човекот со биографија чиста како солза, а неа не може да ја извалкате. Убава позитивна кампања наспрема кампања исполнета со омраза и поделба, истакна Стаменкова.

Со реакција за уништувањето на билбордите излегоа и од Општинската организација на СДСМ од Македонска Каменица.

-На сите веќе им станува јасно дека ДПМНЕ дејствува како злосторничко здружение. Од фотографиите можете да се потсетите на начинот на кој, во минатото, владееше ДПМНЕ во Македонска Каменица. Деструктивно, со терор, лаги и манипулации!
Во нивните спотови пропагираат вработување за послушниците единствено преку партиската книшка и „бокс у фаца“ за жените и неподобните. Паниката во нивните редови е голема. Но колку повеќе тие уништуваат, ние заедно со граѓаните можеме, и ќе работиме, уштеповеќе и уште подобро. Режим, никогаш повеќе, се вели во реакцијата од Општинската организација на СДСМ Македонска Каменица.

За случајот се запознаени надлежните органи и Државната изборна комисија.