Тачи: Борба против коронавирусот, не со зборови туку во стотици милиони евра


Тетово, 6 јули 2020 () – Кандидатите за пратеници во ИЕ6 од ДПА вчера остварија средби со граѓаните во повеќе населени места во тетовско. Како што соопшти информативната служба на ДПА, претседателот и воедно носител на листата Мендух Тачи беше во Гургурница, додека заедно со Земри Асани кандидат за пратеник ги посетија општинскиот центар Боговиње, како и тамошните села Горно Седларце, Палчиште, Камењане и Пирок.

-Со ДПА во Владата и мене како вицепремиер, ќе водиме силна 30-дневна војна против вирусот. Не со зборови, туку во стотици милиони евра што ќе бидат инвестирани во здравствениот систем. Верувам дека и другите ќе се согласат јас како лекар да го раководам штабот за пандемиски кризи. Ваучерите не се вистинска помош. Секое лице на возраст над 18 години мора да добие по 100 евра. По конституирањето на владата, мора да се бара финансиска помош од пријателските земји и меѓународните институции. Да се инвестира продуктивно во борбата против вирусот и да се оживее економијата, истакна Мендух Тачи во Боговиње.

Заедно со кандидатот за пратеник д-р Арбен Демири ги посетија Голема Речица и тетовската населба Теќе. ас/

 


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*