Стојановска од Тетово: Намалување на правните бариери, институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици


Стојановска од Тетово: Намалување на правните бариери, институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици - МИА

Тетово, 4 јули 2020 () – Носителката на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица од коалицијата „Обнова за Македонија“, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Дафина Стојаноска попладнево заедно со заменичката министерка за финансии Гордана Димитриевска – Кочовска одржа средба со приватни стопанственици од Тетово и тетовско.

-Сите тие се пожалија на економските политики изминативе три години водени од страна на Владата на СДСМ. Затоа ние како ВМРО ДПМНЕ кои што ќе ја предводиме идната Влада на Република Македонија во нашата програма „Обнова“ се обврзуваме дека ќе ги намалиме правните бариери при регистрирање на приватни фирми, дека ќе укинеме голем дел од пара и квази фискалните давачки дека ќе ги зголемиме капацитетите на инспекцискиот надзор се со цел да се намали сивата економија и корупцијата. Едноставно дека институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици. Исто така ќе го споменам воведувањето на рамниот данок од осум проценти како и данокот од нула проценти за млади до возраст од 29 години. Со ова ВМРО – ДПМНЕ се обврзува дека ќе исправи економијата во Македонија дека ќе ги исправи приватните стопанственици и секако дека ќе ја исправи Македонија, рече Стојаноска.

Таа заедно со кандидатите за пратеници од тетовско во текот на денот остварија средби со жителите на селата Вратница, Старо село и Рогачево. ас/


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*