Стојаноска: Решение за Русино и безусловна забрана на увоз на опасен отпад


Стојаноска: Решение за Русино и безусловна забрана на увоз на опасен отпад - МИА

Гостивар, 12 јули 2020 () – Носителката на кандидатската листа за изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Дафина Стојаноска на последниот ден од предизборната кампања ја посетија регионалната депонија Русино. Оттаму испрати порака дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложува во заштита на животна средина и решавање на проблемите со управувањето со отпадот.

Таа напомена дека депонијата Русино претставува голем ризик по здравјето на луѓето и животната средина, нарекувајќи ја потенцијалниот Чернобил во Гостивар и пошироко.

– Во нашата програма „Обнова на Македонија“, една од шесте стратегиски определби е заштита и унапредување на животната средина и затоа најавувам дека итно ќе се зафатиме за решавање на прашањето на нерегулираните депонии, каква што е Русино. Во првите 100 дена од формирањето на владата ќе следи и безусловна забрана на увоз на опасен отпад. Владата ќе изработи и методологија за поддршка на регионалните центри за управување со отпад. Таа предвидува поставување преработувачки центри за секундарна селекција и добивање енергија и биогориво, а сето ова во соработка со планските региони и единиците на локалната самоуправа, рече Стојаноска.

Таа ги обвини политичките опоненти за дадените ветувања на протестите дека аерозагадувањето ќе се реши кога ВМРО-ДПМНЕ нема да биде власт, но како што нагласи, ништо друго не направиле изминативе три години. Стојаноска нагласи дека во време кога со државата управувала ВМРО-ДПМНЕ, се обезбедуваа средства за животната средина и наброја неколку проекти како: пречистителната станица за питка вода во Гостивар, вложување од1.200.000 евра за водоводот во Тетово, 100 милиони денари за регулација на коритото на Вардар во Јегуновце, пречистителна станица во Теарце.

За проблемот со управувањето со отпадот во гостиварско и лошата состојба на оваа локација, таа го наведе човечкиот фактор и притоа најави решение.

– Единствен начин да се реши проблемот со Русино, е да се изгради посебен канал за испуштање и третирање на отпадните води од отпадот. Во меѓувреме, да се најде и соодветна локација за да се инвестира во постројки за рециклажа на отпадот од Русино. За ова е потребно поголемо залагање на централната власт, министерство за животна средина локалните власти. ВМРО-ДПМНЕ нема да го избегне овој акутен и сериозно опасен проблем за Гостивар и цела ИЕ6, туку активно и итно ќе се заземе за изнаоѓање решение. Обнова мора да има и за ова прашање. Таа доаѓа од 15-ти јули, истакна Стојаноска.

На последниот ден од изборната кампања, Стојаноска ќе оствари средби и со жителите на селата Здуње, Врапчиште и Зубовце.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*