Спасовски: Покрај платите и пензиите, ќе ја зголемиме и социјалната поддршка


Спасовски: Покрај платите и пензиите, ќе ја зголемиме и социјалната поддршка - МИА

Скопје, 7 јули 2020 () – Со новата развојна економија ќе има и повисоки плати и пензии и уште поголема социјална поддршка за граѓаните, изјави носителот на листата на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

– Најавуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства, детски додаток за 65.000 деца, изградба на 777 социјални станови низ целата држава. Ние се грижиме за потребите на луѓето, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат за потребите на Никола Груевски. Режимот сака да се обнови за повторно да краде, но ние ги насочивме парите кон граѓаните и тие на овие избори ќе гласаат за себе, а не за Груевски и Мицкоски, порача Спасовски.

Тој истакна дека гласот за коалицијата „Можеме“ и бројот 3 е глас за секој човек за себе затоа што актуелната Влада ја зголеми социјалната помош за 300 проценти, 26.636 домаќинства користат гарантиран минимален приход повисок во просек за 300 проценти, за 3.5 проценти го зголеми опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток, а над 33.000 деца на училишна возраст примаат по 1.000 денари месечно детски додаток.

– Воведовме образовен додаток за основци и средношколци од семејства во социјален ризик: 700 денари месечно за додаток за ученик во основно образование или 8.400 денари годишно по ученик во семејството. 1.000 денари по ученик во средно образование или плус 12.000 денари годишно во семејството. 31.906 социјално загрозени домакинства, заклучно со февруари годинава се ослободени од сметките за струја. Ги плати Владата со пари од државниот буџет за оваа намена. Ја вративме евтината тарифа на струјата, ја укинавме радиодифизната такса и го намаливме ДДВ-то за парно и со тоа секое семејство годишно заштедува по 4.000 денари, додаде Спасовски.

Тој потенцира дека нотарските и трошоците за извршители се намалени, а 11 ставки за трошоци за извршување, целосно укинаата.

– Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришани се 10 милиони евра долгови на граѓаните. Казните ги намаливме и до 75 отсто, воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување, нагласи Спасовски

За поддршка во здравствено-економската криза, истакна тој, домашни платежни картички освен лицата со ниски приходи и младите, ќе добијат и пензионерите, стечајците, невработените – пасивни баратели на работа.

– СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.  ВМРО-ДПМНЕ и со Мицкоски на чело еве веќе 14 години во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници. Граѓаните нема да дозволат да се обнови режимот за повторно ВМРО-ДПМНЕ да ги уценува со социјалната помош што им следува и да им ја симне пак на минимум, додека за нив крадат до максимум. Ние сме максимално посветени на грижата за сите, ја имаме поддршката од сите граѓани и на 15.јули продолжуваме по правиот пат уште повеќе и уште подобро, потенцира Спасовски.


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*