Спасовски: Очекувам наскоро да се формира Влада, нема нови избори


Спасовски: Очекувам наскоро да се формира Влада, нема нови избори - МИА

Скопје, 31 јули 2020 () – Премиерот и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на СДСМ. Ги оценува како небулозни обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, потенцирајќи дека ќе нема нови избори.

-Наводното купување на пратеници е уште една небулоза на Мицкоски од спектарот небулози кои секојдневно ги кажува. Ние сме сериозни и така ќе се однесуваме и при формирањето на владата. Низ разговор, низ дијалог, со прифаќање на принципите за кои се залагаме, тоа ќе биде основа на која ќе побараме поддршка од пратениците во македонското собрание. Очекувам тоа да се случи многу скоро по формирањето на македонското Собрание, рече Спасовски за „Утрински брифинг“.

Во врска со тоа дали имаат неофицијални разговори околу новата Влада, Спасовски повтори дека СДСМ и коалицијата таквите разговори ќе ги почнат после празникот 2 Август.

-Инаку секако дека имаме контакти со политичките партии разговараме, меѓутоа, детално околу парламентарното мнозинство, околу Владата, ќе започнат официјални разговори после Илинден, со партии кои пред се се проевропски кои имаат перспектива и визија за државата, рече Спасовски.

Прашан да даде коментар на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе има нови избори на есен, Спасовски рече оти тој постојано ги менува ставовите.

-Мицкоски секој ден ги менува ставовите. Нели до пред некој ден велеше дека тој ќе формира влада, дека составува парламентарно мнозинство. Сега вели нови избори. Тоа е сепак негова работа. Изборите поминаа. На нив има јасен победник. Тоа е СДСМ. Ние ќе ја формираме новата влада, истакна Спасовски за „Утрински брифинг“. нд/

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*