Соопштение на Партијата за движење на Турците по повод завршнувањето на изборната кампања


Соопштение на Партијата за движење на Турците по повод завршнувањето на изборната кампања - МИА

Скопје, 12 јули 2020 

И на самата завршница од предизборната кампања, Партијата за движење на Турците (ТХП) низ целата земја во полн ек продолжува со изборни активности, средби и трибини.

Претседателот на ТХП, кој воедно е и кандидат за пратеник од 5-та изборна единица, Енес Ибрахим, на трибината одржана во Ресен направи рекапитулација на постигнатите успеси во изминативе години, а исто така ги изнесе и основните планови, проекции и идеи од новата програма на ТХП, која е интегрирана и во програмата на коалицијата „Можеме“.

„Денес, во градот на познатиот борец за слобода и правда, Ахмет Нијази Бег, гордо стојам како претставник на една силна битка против едноумието и тиранијата на груевистичкиот режим. Со заедничка борба ја вративме слободата во нашата земја, а после 15-ти јули, заедно, во целост ќе ја ослободиме и правдата“ вака се обрати Ибрахим, кој истакна дека во изминативе две и пол години направено е многу за овој доста важен крај на нашата земја, но потенцира дека и во следните четири години земјоделството и економскиот развој ќе се приоритет на новата влада.

„Убеден сум дека граѓаните се свесни за постигнатите резултати, а уште повеќе верувам дека по победата на 15-ти јули ќе продолжиме со нови заеднички успеси. Нашата земја заслужува континуиран развој“ додаде Ибрахим.

Партија за Движење на Турците во Македонија

___________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*