Со Заев нема иднина, бидејќи до гуша е заглавен во криминал, а за тоа ќе одговара по 15 јули


ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет - МИА

Власта на Заев во овие три години чекори во тактот на криминалот, корупцијата и рекетот.



Со Заев нема европска иднина за Македонија, затоа што тој е заштитник на организираниот криминал и капо ди тути капи на сите рекетарски мрежи.

Веќе е јасно како ден. Јавноста виде и слушна дека со правдата се тргувало во замена за милиони евра со амин на Заев. Милиони евра биле изрекетирани и префрлани со торби кои според сведоштво завршувале кај Заев. Контроверзен про руски бизнисмен правел дилови со владата на Заев и за таа цел исплатил 300 илјади евра. Ден Дончев е ден од првите соработници на Заев го виде целата јавност како става снопчиња со пари во својата торба. Слушнавме сведоштво дека рекетари палеле возила на неистомисленици, по наредба на Вице Заев. Слушнавме како се договарале трас трас одлуки и како се диктирале решенија на истражните органи директно од страна на Заев.

Ова не го слуша само македонската јавноста, ова го слуша и гледа и Европа.

Заради Заев Македонија е хибриден режим, заради Заев Македонија е на врвот на листата по корупција, заради Заев народот осиромашува, а неговиот клан се богати.

Народот ќе го казни Заев на 15 јули. Обновата ќе значи европеизација на Македонија, напредок, но пред се одговорност пред законите на сите, вклучително и на Зоран Заев.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Вести

Во Бразил запленети речиси 2,5 тони кокаин

Бразилската полиција соопшти дека во едно предградие на Рио де Жанеиро откри и заплени 2,46 тони кокаин. Во акцијата приведени се две лица. Кокаинот се чувал во хангар. Полицијата соопшти дека тоа е најголемо количество […]

Вести

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, […]

Вести

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Потресот бил почувствуван и во Косово и Србија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*