Силјаноска – Давкова : 40 % застапеност на жени во политиката, 5 % од БДП средства за унапредување на образованието за 500 најдобри студенти сигурна работа


Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјаноска Давкова од посетата на село Шишево во општина Сарај истакна дека ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ се залага за 40 % застапеност на жени во политиката по примерот на скандинавските земји.

„Ќе има 40 % жени во политиката . Мислам дека е тоа нешто како во скандинавските земји ако можам да потсетам . Тоа не е отстапка туку тоа  е свест дека има многу неискористено знаење ум креација , оти ќе се согласат мажите дека ние жените имаме потежок животен пат ама тоа не прави посилни и ако на тоа го додадете родителството , мајчинството тогаш и одговорноста е тука„.  истакна Силјаноска – Давкова

Силјаноска – Давкова потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ е единствената партија која се грижи за македонските интереси  и дека се повеќе луѓе го препознаваат ова и се приклучуваат кој јадрото на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“.

„Нема место во моето срце и мојот ум за Северна , тоа е невозможно. Кога сте се родиле во Македонија  кога сте растеле во Македонија кога се сте постигнале се  во животот во Македонија како може сега да умрете во Северна, а немало војна иста е територијата и се што било во мојот живот врзано за идентитетот било врзано за македонски јазик , македонска држава , македонско народно ослободителна војна и доаѓа еден момент   кога се почесто луѓе особено оние надвор во дијаспората велат сите сме ВМРО „. појасни Силјаноска- Давкова.

На крај носителката на изборната единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјаноска – Давкова потенцираше дека младите се во главниот фокус на програмата на ВМРО ДПМНЕ каде има проекти за мотивација на најдобрите 500 студенти на кои ќе им се нуди сигурна работа и дополнително огромен број на  иновативни проекти за вмрежување  на младите луѓе за нивна идна соработка и надградба .  Силјаноска – Давкова порача дека ВМРО -ДПМНЕ ќе издвојува и до 5 % од Бруто домашниот производ средства за унапредување на образованието.

„Најдобрите ученици оти гледам овде веќе и стасани млади луѓе, 500 најдобри секоја година ќе бидат повикувани од самите министерства од владата за да им биде понудена работа , за да не заминуваат како готов производ бесплатен надвор . Ќе направиме и систем една мрежа на сите кои  се надвор и сите кои се овде во определена професија за да соработуваат. . За да може нашите иселеници надвор кои се подобри амбасадори од многу македонски амбасадори да имаат постојан контакт со земјата. Во образованието денеска има некаде околу 3,7 % од БДП , малку е тоа кога споредуваме со регионот. Нашата заложба е 5 % барем да се вложуваат. Денеска се вели дека науката е најважна дека кога ќе вложите во наука кога ќе инвестирате, инвестирате  во иднината инвестирате во индустријата инвестирате во производството и тоа ќе ни се врати повеќекратно објасни Силјаноска – Давкова.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*