Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме


Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме - МИА

Скопје, 8 јули 2020 () -Оваа година ја направивме навистина да биде историска. Станавме членка на НАТО, после 30 години зборување ние кажавме зборот е збор и ние веќе сме НАТО. Зборот е збор и ние годинава го добивме почетокот на преговори со ЕУ, рече потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска вечерва на трибина во Ростуше осврнувајќи се на денешната изјава на канцеларката Ангела Меркел за отворањето на првите поглавја помеѓу нашата земја и ЕУ.

-Каде е сега ВМРО ДПМНЕ барем со кисела насмевка да удри барем еден аплауз? Го пропуштија оној за НАТО еве нека се развеселат барем за добрата вест за ЕУ. Ама како вели нашиот народ, дозволи им на ушите да го чујат тоа што сакаат е очигледно ова е тоа што ВМРО – ДПМНЕ не сака да го чуе бидејќи не посакуваат добри вести за државата туку посакуваат само себични вести за себе и својот тесен круг на луѓе, рече Шекеринска.

Таа се осврна и на вредностите на политиката на добрососедстви и решавање на домашните проблеми.

-Денес се покажува дека нашата политика на добрососедство, на решавање на проблемите дома, на соживот и едно општество за сите не прави сите заедно посилни. Направивме темел на оваа држава без кој не е возможна нејзината стабилност, порача Шекеринска.

 

 


Вести

Осумдесет и осум нови случаи на заболени од Ковид-19, шестмина починати и 113 оздравени

Скопје, 5 август 2020 () – Осумдесет и осум случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, шест лица починаа, а 113 се оздравени. Направени се 1507 тестирања, а од новорегистрираните случаи 23 […]

Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*