Шахпаска од Штип: На 15 јули заокружете го бројот 3 на коалицијата „Можеме“, за сигурна иднина на нас, нашите деца, нашата земја


Шахпаска: Имаме понуда која носи развојна економија и ги штити работничките права - МИА

Штип, 9 јули 2020 () – Во 2016 година рековме дека ќе работиме на три столба: враќање на парите назад кај граѓаните, вложување во човечки капитал и евро-атлантаската интеграција на земјава. Тоа и го правевме изминатиов период, истакна Јагода Шахпаска, носителка на листа на пратеници од ИЕ 3, на трибината со граѓани на урбана заедница УЗ Сењак, Штип.

Шахпаска се осврна на вториот столб, вложувањето во човечкиот капитал кој, како што таа потенцираше, започнува од најмладите.

Во таа насока, потенцира, се изградените и реконструирани 43 градинки, со цел на нашите најмлади им овозможиме социјализација и предшколско образование, зашто младите се столбот на нашата иднина. За тоа зборуваат, рече Шахпаска, и изградените и реконструирани 20 училишта само во ИЕ 3 , реконструирани двете крила на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

– Како дел од комисијата за труд и социјална политика во Собранието, особена сум горда на носењето на социјалната реформа со која социјалната помош се зголеми за 300 отсто и се прошири нејзиниот опфат. Со неа 27.000 семејства примаат приход од 10.000 – 11.500 денари. Се боревме за извлекување на децата од сиромаштија, за таа цел воведовме детски и образовен додаток. Првпат најранливите категории на граѓани можеа достоинствено и пристојно да живеат, посочи Шахпаска.

Таа зборуваше и за останатите мерки кои донесоа директни придобивки за граѓаните како државната социјална  пензија од  6.000 денари, која ја користат околу 6.600 граѓани, растот на платите во здравствениот сектор до 40 проценти, раст на капитацискиот бод од 15 проценти за  матичните лекари и стоматолози,  укинување на квотата на лекови, укинување на болничка партиципација за пациентите кои земаат ниски пензии и младите до 25 години од семејства приматели на социјална помош.

Шахпаска ги повика граѓаните на 15 јули излезат и го дадат својот глас почитувајќи ги протоколите за заштита по здравјето, носењето маска, држењето дистанца, дезинфекција на рацете и влез на онолку граѓани колку што има паравани.

 


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*