Шабани: ДИК во стандардна процедура ги проверува податоците за резултатите од изборите од ОИК


ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата - МИА

Скопје, 16 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) се очекува во попладневните часови да одржи седница на која треба да бидат соопштени конечните неофицијални резултати од изборите. Во Комисијата сега се прави контрола на податоците што синоќа ги испратиле општинските изборни комисии, што е стандардна и вообичаена постапка по секои избори, изјави за портпаролот на Комисијата Адмир Шабани.

-Пристигнати се сите податоци и материјали од ОИК. Сега се прави стандардната процедура односно контрола на податоците внесени во софтверот на ДИК со податоците од записниците број 16 и број 21, што ги содржат бројките од гласањето во избирачките места. Откако ќе заврши контролата, ДИК во попладневните часови ќе има седница кога ќе бидат соопштени конечните неофицијални резултати од изборите изјави Шабани.

По соопштување на овие податоци почнуваат да течат роковите за приговори од политичките партии.

ДИК, иако најавуваше дека резултатите од гласањето ќе бидат соопштени многу бргу, не можеше да го нарави тоа бидејќи имаше проблем со веб-страната за објавување. Веб-страната на ДИК и сега не функционира, а тоа според Шабани е поради тоа што на сајтот на Комисијата се работи и се проверува моментот на напад.

-Се детектира проблемот затоа што се претпоставува дека е напад од надвор, изјави портпаролот на ДИК.

Претходно денеска претседателот на ДИК Оливер Деркоски изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.

Деркоски во изјава за Телма исто така рече дека не се точни и остро ги демантира информациите што излегоа во јавноста дека една недела пред изборите е склучен договорот за веб-страната на ДИК.

-Тоа може да го проверите на сајтот на Бирото за јавни набавки, како одеше тендерската писитаока и како се заврши таа постапка. На два пати беше распишуван тендер и исто така сакам да потенцирам дека сегашната набавка ја симна цената за набавка на ваква софтверска апликација од постојните четири и пол милони денари кои ги плаќала ДИК во изминатите десет изборни циклуси, за скоро милион денари, рече Деркоски.

 


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*