Села од Кичево: Убеден сум дека сте определени за политичка промена


Села од Кичево: Убеден сум дека сте определени за политичка промена - МИА

Кичево, 8 јули 2020 () – Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива под мотото „Сега е време” вечерва ја продолжија својата изборна кампања со промоција пред нивни членови и симпатизери на градскиот плоштад во Кичево.

Африм Гаши, претседател на Алтернатива рече дека вечерва гледа Албанци кои не и припаѓаат на никоја партија и затоа добил храброст заедно со Села да продолжаат и во иднина заедно.

– Треба да ја користиме секоја минута да ги убедиме луѓето заедно да го направиме промените. Денеска гледам дека ги доближуваме Албанците почитуван Села, така ќе остане и во иднина. Ако малку имате национално чувство излезете на 15 јули, бидеќи ако вие не гласате, ќе не спречите нас да направиме промена. На 15 јули ќе се случи историски пресврт, изјави Гаши.

Алтернатива, посочи тој, направиле пресврт бидеќи навните активисти го увериле секој Албанец дека победата доаѓа.

– На 15 јули секој гласач треба да знае дека тој со својот глас ќе отвори 25 илјади работни места, 20 проценти поголеми плати, невработеност под 10 проценти. Сите други градови се за промена, јас сум убеден дека и Кичево е определено за политичка промена, рече Гаши

Преседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во својот говор пред присутните граѓани на Кичево, истакна дека ги бројат минутите и часовите до победата.

– Градоначалникот кој се повикуваше на Албанците ги изневери, ги заборави, да албанците бираат премиер тогаш кога ти даваат глас, ние сме биле и во Сингелиќ кој сеуште не е уреден, бевме и во Шипковица и таму нема ни една шајка закована, Куманово е со раните на Алмир, ние ќе се бориме секој Албанец да добие држјавјанство со Алиајнса за Албанците, закон за правична застапеност ќе биде донесен, во Кичево речиси само градоначалникот е Албанец од друга страна 70 проценти од администрацијата се од друга националност, рече Села.

Албанците, дополни, бараат помош од Албанците за Албанците, администривците да бидаат спокојни нема да има одмазда. -Моја мотивација е да го задржиме албанецот тука, албанците ќе се унапредуваат и нема да се избркаат. Пеесетина луѓе треба да одговаарат пред вас, вие на 15 јули почитувани гласајте, ние ќе ги носиме промените, на 15 јули сите да бидеме одлични со петки, порача Села.

Присутните ги поздравија и го побараа нивниот глас и кандидатите за пратеници од оваа коалиција Сирија Рашиди и Ремзи Мехмеди. рз/оџ/


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*