Села: Арачиново повторно е бастион на Албанците, во Сарај се случи „полнење на кутии“


Села: Арачиново повторно е бастион на Албанците, во Сарај се случи „полнење на кутии“ - МИА

Скопје, 15 јули 2020 () – Коалицијата „Сега е време” предводена од Алијанса за Албанците и Алтернатива води во поголемиот број на општините во ИЕ 6. Ова вечерва го изјави лидерот на АА, Зиадин Села, кој истакна дека тие водат во Гостивар, Боговиње, Неготино и Врапчиште, како и во Теарце и Брвеница.

– Чекаме резултати од Тетово. Ситуација во овој град е изедначена и балансирана. Голем успех имаме во Арачиново и ова општина е вратена како бастион на Албанците, а во Општина Гази Баба и во легендарното Куманово. Победуваме и во Студеничани. Успех имаме и во Сарај, но тука се случи феноменот на полнење на кутии. За овие случаи ние ќе поднесеме приговори, за некој села и се разбира чекам резултати да нашата коалиција излезе победничка, рече Села.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во своето излагање им се заблагодари на активистите за големата битка и искреноста што ја покажале во изминатите денови на кампањата.

– Мислам дека ова волја на Албанците која што се кристализира сега, многу време и после овие избори ќе издвои победа во албанскиот блок. Од сегашните бројки што ги имаме покажуват дека ќе имаме тесен резултат со една предност што ние очекуваме да ја имаме. Народот го кажа своето, ние го почитуваме нивното право и глас. Но тие што ги наполниле кутите не се гласот на народот. Тој глас нема да го прифатиме, рече Гаши. оџ/


НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени - МИА
Бизнис

НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени

Скопје, 12 август 2020 () – Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење. Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе […]

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*