НСДП се залага за економија заснована на рамномерен регионален развој


НСДП се залага за економија заснована на рамномерен регионален развој - МИА

Скопје, 9 јули 2020


 

Економијата може да биде движечка сила на општеството само со поддршка на успешни економски политики. НСДП се залага тие да бидат независни и ослободени од административно-бирократските стеги како и од интересите на одредени интересни групи.

Целиме кон двојно поголем БДП од денешниот во период од 10 години, а еден од предусловите е рамномерен економски развој преку поттикнување на индустрискиот раст во руралните средини со отворање мали производствени капацитети, со што ќе се зголеми извозот на преработки од земјоделски производи.

Приоритет на Владата треба да биде поддршката на науката и новите технологии, развој на јавно-приватно партнерство во сите сегменти, а клучот да биде во поставувањето доволно флексибилен буџет и фискален систем кој ќе биде подготвен да врши брза прераспределба на ресурсите на микро план.

Се залагаме за олеснување на пристапот кон кредити за малите и средни претпријатија, и претприемачите. Неопходна е дополнителна буџетска поддршка за компаниите со домашен капитал вклучени во добавувачките ланци на странски компании, како и финансиски стимулации за унапредување на техничкотехнолошкото ниво на компаниите што е пак предуслов за унапредени производни процеси, а со тоа и инпути со поголема додадена вредност. Се залагаме за изградба на научнотехнолошки паркови со цел технолошкиот парк да стане средиште на иновативниот бизнис. Секако, нивното формирање треба да биде во тесна врски со академските центри, што претпоставува формирање силни врски меѓу приватниот сектор и истражувачките академски центри.

Дајте ни можност да го реализираме сето ова и на 15 јули гласајте за Коалицијата „Можеме“ и Нова социјалдемократска партија

Изјава на портпаролот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајкоски

___________________________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.