Николовски од Пробиштип: Ние сме за европска, а ВМРО-ДПМНЕ за режимска иднина


Николовски од Пробиштип: Ние сме за европска, а ВМРО-ДПМНЕ за режимска иднина - МИА

Скопје, 5 јули 2020 () – Ние зборуваме за новиот развој, за новата македонска економија, за родовата еднаквост, за заштита на животната средина, за отворање нови работни места, за враќање на младите, а ВМРО-ДПМНЕ покажува спотови на згрбавени луѓе, така како што тие ги замислуваат нашите сограѓани. Покажуваат спотови на темните простории во нивните подруми кои асоцираат на провизии, тендери, местенки. Ние сме на автопат,  тие во нивните темни подруми. Ние сме за европска Македонија, тие за режимска Македонија во која царуваат криминалот стравот, корупцијата, рече вечерва генералниот секретар на СДСМ и носител на листа во ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“ Љупчо Николовски на трибината во Пробиштип.

СДСМ, според него, води модерна европска кампања во која нема црни спотови, нема темнина, туку има идеи, разговори за еколошка и иновативна земја, за решавање прашања кои досега не биле отворени.

Изборот на граѓаните е лесен, оцени, а тоа го потврдуваат сите истражувања на јавното мислење.

-Сите истражувања на кредибилни светски агенции потврдуваат дека граѓаните се за напред, за развој, за иднина и ја поддржуваат оваа  Програма која ја пишувавме 11 месеци. Ништо нема да ги спаси. Огромно мнозинство на 15 јули ќе гласа за оваа модерна, најголема и најразнолика Коалиција „Можеме“, истакна Николовски.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*