Николовски: На 15 јули одлучуваме за нашата иднина


Николовски: На 15 јули одлучуваме за нашата иднина - МИА

Крива Паланка, 12 јули 202 () – На 15 јули одлучуваме за нашата иднина, одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад. Заедно со граѓаните го победивме режимот на Груевски, ќе го победиме и неговиот извршител Мицкоски, рече денеска од Крива Паланка носителот на листа за пратеници од ИЕ 3 и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Според него, на овие избори граѓаните ќе одлучат дали ќе продолжат да растат платите или, како што рече, ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски.

– Одлучуваме дали ќе се заштитиме од Ковид вирусот или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите нас. На 15 јули одлучуваме дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски, дали после НАТО ќе влегземе и во ЕУ или ќе им дозволиме да ја загрозат нашата иднина. Не смееме да ја прокоцкаме шансата, многу вложивме за неа. Денеска е последниот ден на кампањата.За овие дваесетина дена го поминав целиот Исток, целата трета изборна единица, се сретнав, разговарав со многу луѓе земјоделци, работници, бизнисмени, лекари, пензионери и граѓаните прават разлика. Имаат повисоки плати, подобар економски стандард, има поддршка за стопанствениците, за земјоделството, за младите, го вративме достоинството, нема веќе закани, нема веќе страв, нема уцени, слободно дишеме и зборуваме, токму затоа, одговорноста е на секој од нас и заедно и одлучно треба да се спротивставиме и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Време е да тргнеме напред без ланци кои влечат кон минатото, порача Николовски.

Тој истакна дека на нашата држава и требаат чесни, храбри и одлучни политичари, кои работат единствено во интерес на граѓаните.

– Затоа ни треба чист мандат. За да спроведеме одлучни и ефикасни реформи во правосудството, без блокади и кочење. Секој да одговара за стореното дело. Драги пријатели, постигнавме многу, но можеме уште повеќе, затоа, ве повикувам на 15 јули, почитувајќи ги сите мерки за заштита, со маска на лицето и со држење на дистанца да го остварите своето право на глас. Гласањето ќе биде 100 проценти безбедно. Вашата одлука ќе ја определи вашата и иднината на вашите деца. Затоа ова избори се толку важни, затоа во среда никој не смее да остане дома. На 15 јули од Истокот и целата држава, СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ќе остварат голема и јасна победа. Ќе одиме напред, рече Николовски.ид/


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*