Николоски: Силна поддршка и развој на ИТ индустријата, младите својата иднина да ја градат во Македонија


 

Загрижен сум за иднината на Македонија, мислам дека ова се најбитни избори на кои што ќе излезе македонскиот народ од осамостојувањето до денеска. Тоа е така затоа што иднината на Македонија е доведена во прашање и затоа секој ден се прашувам што ќе биде со Македонија. Јас сум убеден дек со Зоран Заев може да биде само пустош и црнила како што е сега, национално понижување, економско опустошување. Со ВМРО-ДПМНЕ,, со третата генерација на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата и ќе се реализираат преку 1000 проекти напишани во нашата програма Обнова на Македонија, вели Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на изборната единица 4 вечерва на средба со граѓаните на општина Гевгелија.

Николоски истакна дека е загрижен за иднината на младите и во Гевгелија и во цела Македонија, потенцирајќи дека тој сака младите да ги гледа во сопствената држава како ја градат својата иднина.

Но, она што ми е основна водилка се овие деца кои што ги гледам тука, кои што безгрижно играат фудбал во овие вечерни часови како што и ние сме правеле кога сме биле како нив. За нив размислувам. Каде ќе се тие за десет, за дваесет години кога ќе станат возрасни и кога ќе треба да одлучуваат низ крстопатите во животот. За нив размислувам. Јас сакам да ги видам тука во Македонија, горди Македонци во напредна, развиена, исчистена од корупција Македонија, Македонија која што економски напредува и која што има ред. Тоа е мојата желба. Желбата на некои други е да се иселат, да одат по белиот свет,, во Германија, по Швајцарија, за овде да останат бандитите, неранимајковците, за да можат да ја пљачкаат државата како што го правеа тоа изминатите триесет години, вели Николоски.

Николоски ги повика граѓаните масовно да излезат на 15 јули и да ги донесат промените во Македонија истакнувајќи дека секој глас и секој човек е важен додавајќи дека токму граѓаните ќе ги ја направат промената во Македонија и ќе ја донесат обновата

Ваша е одлуката што ќе се случи, вие на 15 јули одлучувате дали во Македонија ќе се случат промените. Јас сум убеден дека ќе се случат, и затоа уште еднаш ве повикувам на голема масовна излезност затоа уште еднаш ве повикувам, ни треба секој глас, ни треба секој човек, ни треба голема излезност.

Од вас зависи, од вашиот глас зависи, од вашата активност зависи иднина на Македонија, од масовната излезност 15 јули зависат промените во Македонија.

Затоа ве повикувам секој еден од вас, да излезете на гласање на 15 јули, да ги повикате вашите роднини, пријатели, комшии, познаници и сите што ги познавате масовно да излезат на 15 јули и во Македонија да се случи промената.

Тие сакаат да останете дома, ние сакаме да излезете и вие да одлучите.

Тие сакаат да сте со свиткана кичма, ние сакаме горди Македонци, тоа е суштинската разлика, порача Николоски.

Николоски вети многу проекти за младите луѓе, отворање на нови работни места, поволни услови за фирмите да вработуваат млади лица до 29 години, како и мерки за средношколците кои нема да продолжат да студираат, да започнат да работат во Македонија и овде да ја градат својата иднина.

Секој кој што ќе вработи млад човек до 29 години нема да плаќа придонеси односно давачки затоа што сега работодавач да даде плата од 20.000 денари на работникот уште 10.000 денари дава давачки за пензиско инвалидско, здравствено, персонален итн. Нашата идеја е овие 10.000 денари да ги скратиме да не ги дава работодавачот кон државата, барем пола да ги даде за повисока плата на младите а со другата половина да се отвораат нови работни места за да ни останат младите дома.

Втора работата, иднината на Македонија е пред се во фаќање на чекор со светот. Силна поддршка и развој на ИТ индустријата , што повеќе млади луѓе да се запишуваат на информатика, да стекнуваат вештини и на тој начин да си ја гледаат иднината да си го вадат лебот.

Трета работа за младите, знаете дека се повеќе недостасува високо квалификувана работна сила. После средно школо ако некој не сака да се запише на факултет а има добар занает што би рекол народот да му е гарантирана работа, со добра плата, а во последните две години од средното школо да работи веќе за да може да стекнува вештини, на начин што државата ќе ги подржи  фирми што ќе вработуваат вакви млади луѓе, за да можат да ни останат тука со добри високи плати, рече Николоски


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*