Николоски: Секој кој што ќе вработи млад човек до 29 години нема да плаќа придонеси


Николоски: Датум за почеток на преговори со Европската унија нема - МИА

Скопје, 3 јули 2020 () – Загрижен сум за иднината на Македонија, мислам дека ова се најбитни избори на кои што ќе излезе македонскиот народ од осамостојувањето до денеска. Тоа е така затоа што иднината на Македонија е доведена во прашање и затоа секој ден се прашувам што ќе биде со Македонија, истакна вечерва носителот на листа од ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на средба со граѓаните на општина Гевгелија.

Тој рече дека е загрижен за иднината на младите и во Гевгелија и во цела Македонија, потенцирајќи дека тој сака младите да ги гледа во сопствената држава како ја градат својата иднина.

-Она што ми е основна водилка се овие деца кои што ги гледам тука, кои што безгрижно играат фудбал во овие вечерни часови како што и ние сме правеле кога сме биле како нив. За нив размислувам. Каде ќе се тие за десет, за дваесет години кога ќе станат возрасни и кога ќе треба да одлучуваат низ крстопатите во животот. За нив размислувам. Јас сакам да ги видам тука во Македонија, горди Македонци во напредна, развиена, исчистена од корупција Македонија, Македонија која што економски напредува и која што има ред. Тоа е мојата желба, вели Николоски.

Вети многу проекти за младите луѓе, отворање на нови работни места, поволни услови за фирмите да вработуваат млади лица до 29 години, како и мерки за средношколците кои нема да продолжат да студираат, да започнат да работат во Македонија и овде да ја градат својата иднина.

-Секој кој што ќе вработи млад човек до 29 години нема да плаќа придонеси односно давачки затоа што сега работодавач да даде плата од 20.000 денари на работникот уште 10.000 денари дава давачки за пензиско инвалидско, здравствено, персонален итн. Нашата идеја е овие 10.000 денари да ги скратиме да не ги дава работодавачот кон државата, барем пола да ги даде за повисока плата на младите, а со другата половина да се отвораат нови работни места за да ни останат младите дома, рече Николоски. нд/

 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*