Николоска: На 15 јули ти одлучуваш, избери иднина


Николоска: На 15 јули ти одлучуваш, избери иднина - МИА

Скопје, 12 јули 2020 () – Носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Шестата изборна единица, Фаница Николоска денеска ги повика граѓаните да гласаат на 15 јули и да изберат иднина.

–  За само три години ви покажавме и ви докажавме дека сме чесни, работливи и успешни. Со крената глава и чист образ го бараме вашиот глас. Само вашиот глас е единствениот начин да го испратиме ДПМНЕ со неговите сателити на единственото место на кое припаѓаат – темната страна на македонската историја, вели Николоска во видео обраќање.

Осврнувајќи се на времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, Николоска посочува дека во тој период осмислено се сопрени евроатланските интеграции и оти според податоците на светските финансиски институции во тој период од државата се изнесени над седум милијарди евра.

– Тоа е повеќе од четири  илјади евра од секој жител, или над 15 илјади евра од секое четиричлено семејство. Со притисоци и уцени им ги одзедоа на сопствениците најголемите приватни фирми, ја приватизираа и партизираа државата. Да не заборавиме дека без партиска книшка и списоци на сигурни гласачи беше невозможно де се вработите, да  напредувате, академски да се образувате, вели Николоска.

Додада дека режимот е сè уште присутен во институции на судството и во администрацијата и затоа, според неа, е потребно граѓаните да го дадат гласот за иднината.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*