Митко Јанчев бара смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ


Јанчев: Да останеме сите дома за време на овој голем празник - МИА

Скопје, 16 јули 2020 () – Сосема нормално е да се постави прашањето за смена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за тоа прашање. Станува збор за уште едни загубени избори, четврти по ред, ги загубивме локалните, загубивме на референдумот, загубивме на претседателските, а сега и на парламентарните избори, изјави за БГНЕС градоначалникот на Кавадарци и член на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

-Се уште не сфаќам зошто не го признаваат Договор за пријателство со Бугарија, како и Преспанскиот договор. Во целина станува збор за лошата политиката и лошите менаџирања на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да има приземјување на раководството, вклучувајќи и промена. Така стојат работите, нема друго, рече Јанчев.

Според него политичката ситуација е „доста жална, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за СДСМ, кои за малку победија на изборите, бидејќи и двете партии освоја малку гласови“.

-Без ралика за колкава победа станува збор, СДСМ победи на изборите. Нашата партија од 470 илјади падна на 320 илјади до 340 илјади гласови. Дури и околу 300 илјади гласови. Ова бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. ВМРО-ДПМНЕ денеска има потреба од единство, сплотеност и и можност секој да работи како што треба и слободно, рече Јанчев.

На прашањето дали ќе се вклучи во промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев одговори потврдно. Тој посака што е можно побрзо да биде формирана Влада, за да може државата нормално да функционира во секакви околности.


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*