Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование


Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти, на 15 јули стартува обновата  - МИА

Денеска имам можност да сум тука во Ѓорче Петров и да се сретнам со повеќе граѓани.

Да разговарам за секојдневните проблеми, но и да ги слушнам нив, се разбира и утре во новата влада да имплементираме се што е потребно за да им помогнеме на овие луѓе.

Се работи за многу мали дуќанчиња сопственици на приватен бизнис кои мака мачат овие неколку година, а поготово од кога се погодени од здравствената криза.

Затоа најважно е ВМРО-ДПМНЕ им дава надеж дека ќе им помогнеме на сите мали бизниси, за да ги издржат овие период, но секако и во идниот период кој што доаѓа како да ги зачуваат своите работници и како да имаат успешен бизнис, бидејќи навистина се погодени.

Исто така имав седба и со просветните работници каде што разговаравме за сите оние предизвици доаѓаат во наредниот период и секако ги објаснивме сите наши проекти кои се наоѓаат во обновата на Македонија.

А тоа се разбира обнова на образованието, на науката и културата.

Во Ѓорче Петров има многу нерешени локални проблеми каде за жал општинската власт тука нема слух, не се работи а ниту пак има капитални инвестиции. Во минатото се градеше насекаде низ Република Македонија, еве може да се виде и позади мене делата на ВМРО-ДПМНЕ и насекаде низ Ѓорче Петров каде што се вложуваше во инфраструктурата.

За жал сега ниту градот, ниту општината, ниту пак централната власт не им текнува. Може они ќе се пофалат со некои проекти од ВМРО-ДПМНЕ како што е започната канализација во времето кога јас лично преку владата обезбедив средства за да се заврши канализацијата во Волково, да се обезбедат средства за 33 улици, но они сега се фалат со тие улици. Нејсе, важно е граѓаните да ги добијат тие улици а тие нека продолжат да се фалат со проекти кои ги нарекуваат нивни, но за жал такви проекти не постојат.

Јас ги охрабрувам граѓаните да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Обновата на Македонија, бидејќи навистина ќе има илјадници проекти, за секој еден од нив, не само во Ѓорче Петров, туку насекаде во изборната единица 2, насекаде во Република Македонија.

Затоа драги пријатели, драги сограѓани излезете на 15 јули и гласајте за бројот 14.


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*