Мисајловски од Куманово: Обнова насекаде и за сите


Мисајловски од Куманово: Обнова насекаде и за сите - МИА

Куманово, 13 јули 2020 () – Носителот на листата од ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска од градскиот плоштад од Куманово на последниот ден од кампањата истакна дека остварил голем број средби со граѓаните и од Куманово и од изборната единица со кои разговарал за проблемите, потребите на граѓаните. Тој се заблагодари на медиумите за професионалната соработка.

На градскиот плоштад Мисајловски се сретна со претставници од унијата на жените и унијата на млади сили од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и  рече дека кампањата ја почнал со позитивна енергија и така ја завршува со позитивен дух и ведрина.  

 

– Поминавме многу. Поминавме многу населени места, разговаравме за многу проблеми тука во Куманово и дадовме аманет дека ќе помогнеме насекаде, истакна Мисајловски.

Тој побара поддршка од граѓаните на 15 јули, за, како што истакна, да има обнова во културата,  во судството, здравството, во инфраструктурата,  спортот.

 

– Знаете дека оваа кампања за мене почна со едно црно сценарио, со една фрлена бомба во мојот семеен дуќан. Јас уште првиот ден кажав дека тие инспиратори, креатори од политичкиот опонент мене нема да ме запре. Јас ќе продолжам со позитивна енергија, со позитивна ведрина и за она што секој ден копнее оваа држава, а тоа е да се има надеж за подобра иднина, рече Мисајловски

Последниве дваесет дена, истакна во изјавата Мисајловски, посетил бројни населени места, се сретнал со граѓаните пред домовите, дворовите кои му дале сугестии, забелешки, понекогаш и критики за заборавеното во минатото. Тој рече дека се обврзува да се исполни.

 

– Знаете, политичкиот опонент само размислува на црни сценарија. Размислува како да ме навреди, размислува на црни некои нивни сценарија. Јас сум многу различен. Јас можам да ги напаѓам секој ден за се она што го направиле и што го кријат. Затоа е и добро законот што ВМРО-ДПМНЕ   го предлага за потекло на имот  да видите какви политичари имате тука во Куманово и што се кријат за своите т.н. пријателски бизниси. Затоа е добро обновата на Македонија да почне и тука од Куманово, да зафати многу лица од врвот на СДСМ за да знаете каде завршуваат тие црни пари и тие црни тендери, јас би ги нарекол и куфери, рече Мисајловски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е различна партија од СДСМ. Уште еднаш ја побара поддршката од граѓаните и вети работа и труд.  

– Ние да се обврземе на работа, на работа, на труд и се разбира да си ја зачуваме оваа наша земја, оваа наша татковина – Република Македонија. Ве поздравувам сите и се надевам се гледаме и после изборите постојано на улиците, на сокаците, да разговараме и потоа со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да ги решаваме вашите проблеми, повика Мисајловски.


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*