Мицкоски: Власта вршела директен поткуп на гласачите за време на изборниот процес


Мицкоски: Ќе дадам се од себе да ја сменам реалноста со штетните договори со Грција и Бугарија - МИА

30 јули 2020 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа вели дека власта вршела директен поткуп на гласачите за време на изборниот процес, додавајќи дека дури се случувало парите кои што биле наменети за поткуп да бидат украдени, но веднаш да донесат нови пари.

Пример кој што се кажува низ кулоарите да речеме во Кавадарци каде што лице кое што требало да подели 12 милиони денари за поткуп во Кавадарци, Неготино и Демир Капија ги земало парите кои што биле наменети за поткуп и потоа исчезнало. Па дошле неколку дена група од родниот град на претседател на една политичка партија, па таа група не успеала да го најде и веднаш донела нови 12 милиони денари, посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ се соочил со тоа верски лидер да го праша дали носи „рушвет“ посочувајќи му дека нивниот политички противник донеле како што рече тој „рушвет“ и дека таму само тоа поминува.

Наш претставник, би рекол носител на листа оди во посета на верски лидер во тоа населено место и верскиот лидер му вели дали носи пари за рушвет, буквално вака, овој му вели молам како, што? Па ете дали носиш пари за рушвет бидејќи вашите политички противници поминаа утрово и донесоа, а тебе те примам зошто те носи овој и овој човек. И навистина кога ќе се соочите со една таква работа, со оној институционален но и вонинституционален начин на однесување, тогаш можете да кажете и буквално преку докази да презентирате многу случаи. Но, за жал сето тоа не оценувам дека ќе биде предмет на опсервација во скоро време од страна на обвинителството бидејќи за нив се поинтересни некои други работи, вели Мицкоски.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*