Мицкоски: Веднаш по формирањето на владата ќе пристапиме кон реализација на план во борбата против ковид кризата


Мицкоски: Граѓаните на Иловица и Штука ќе одлучуваат за рудниците - МИА

Веднаш по формирањето на Владата ќе пристапиме кон реализација на план, кој веќе го иаме изготвено, за борба против корона кризата, тоа ќе ни биде приорит и прва задача откако ќе ја победиме оваа тригодишна пандемија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој во емисијата „Клан дебата“ на Клан Македонија телевизија истакна дека имаат изготвено преодна стратегија во која ги таргетираат двете суштински области а тоа се економијата и здравството.

–        Цениме дека досега од Владата имаме калкулантска игра и наместо да бидат здравствени работници, оние луѓе кои се дел од онаа Комисија за заразни болести преминаа од инфектолози во политиколози и добро е што исчезнаа од екраните, ги нема веќе од оние прес конференции кои повеќе личеа на политички, партиски памфлет отколку на здравствени прес конференции, рече Мицкоски.

Тој потсети дека откако властите прогласија победа над вирусот корона, бројките на заразени драстично почнаа да се зголемуваат, драстично ,исто така, се зголеми и бројот на починати лица.

–        Се сеќавате, откако прогласија победа над пандемијата, бројките драматично почнаа да растат и денеска Македонија е, би рекол рекордер по бројот на нови случаи и по бројот на луѓето кои ги загубиле своите животи. Навистина неможам да ги разберам оние калкулантски игри кои што беа произведени од онаа кујна на СДСМ а потоа преслокани во Комисијата за заразни болести, констатираше Мицкоски.

Тој додаде дека тие нема така да се однесуваат кога се работи за здравјето на граѓаните, дека имаат стратеги и план како ќе делуваат во справувањето со здравствена криза. Мицкоски вели дека уште на 26 март алармирале дека можеме да дојдеме до ова што сме сега но од страна на министерот за здравство, Венко Филипче, беа прогласени за луѓе кои што шират лажни вести, а кои нивни тврдења, за жал, ги докажа времето.

–        Ние секако нема така да се однесуваме бидејќи би било лицемерие ако сега зборуваме за здравјето на граѓаните а потоа се однесуваме калкулантски. Имаме стратегија, имаме план. Впрочем ние алудиравме уште од  на 26 март дека ќе дојде до ова до кое што дојде. Тогаш од страна на ресорниот министер и надлежните бевме прогласени за луѓе кои што лиферуваат лажни вести итн, но тоа сега е позади нас, потенцираше Мицкоски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*