Мицкоски: Студентите ќе ги ослободиме од плаќање партиципација во следната студентска година


Намален бројот на запишани студенти минатата академска година во однос на 2018/2019 - МИА

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел на МТВ истакна дека новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ослободи студентите од плаќање на партиципација во следната 2020/2021 година.

Мицкоски потенцираше дека тоа што студентите ќе бидат ослободени од партиципација за следната учебна година е само дел од сетот економски мерки кои се иновативни и нови решенија.

– Мотивирани сме да покажеме како се сака и како се работи за сопствената држава. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе успее со 8% рамен данок ќе имате можност да гледате во следните 4 години, и не само тоа туку ДДВ на оние кои се најпогодени од Ковид-19 вирусот во хотелиерството и угостителството ќе го намалиме од 18% на 10% заклучно со 2021 година, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ветува реални и остварливи решенија, а не како тоа на СДСМ за 500 километри автопат кои никој досега не ги видел.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Регистрирани 101 новозаразен со КОВИД, пет лица починати, 22 оздравени - МИА
Вести

Од 3700 активни случаи на Ковид-19, во Скопје 1426, најмногу во Чаир, Аеродром и Кисела Вода

Скопје, 1 август 2020 () – Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на Ковид-19, најмногу случаи се регистрирани во Скопје 1426. Според дистрибуцијата на активни случаи по општини во Скопје најмногу има во […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*