Мицкоски: На 15 јули избираме во каква Македонија сакаме да живееме


Мицкоски: На 15 јули избираме во каква Македонија сакаме да живееме - МИА

Прилеп, 5 јули 2020 () – Ова се сосема поинакви избори од досега. Едно поради пандемијата и второ поради тоа што треба да избереме во каква Македонија сакаме да живееме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Прилеп, каде со коалицијата „Обнова на Македонија“ одржа собир пред прилепчани.

Мицковски смета дека на овие избори се избира помеѓу истрошени политичари и луѓе со визија, стратегија и побара обединување.

-Бираме помеѓу срамот и честитоста, помеѓу криминалот и правната држава која мора да функционира.  Овој народ се обединувал секогаш кога е најтешко, а така ќе биде и овој пат. Народот е ослободен, разбуден и на 15 јули масовно ќе излезе и ќе ја поддржи обновата на Македонија, ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум дека тоа е единствената опција која ќе ја избереме.  Сакам да ја променам оваа тешка, мачна, болна реалност. Ја користам оваа пригода во Прилеп да ги повикам сите да ни се придружат и партиски определените и неопределените, па и незадоволните од ова владење. Да ја ослободиме Македонија од оваа власт и да ги засукаме ракавите да ја обновиме. Затоа ве повикувам, станете, исправете се да ја исправиме Македонија на 15 јули. Ова е последната шанса, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил информиран дека за шест месеци буџетскиот дефицит стигнал до 26 милијарди денари.

– Заменик-техничкиот министер за финансии ме информираше дека буџетскиот дефицит заклучно со јуни е поголем од 26 милијарди денари. Тоа се потрошени пари без покритие,  а не се собрани. Секое семејство го задолжија со 850 евра. Оваа реалност, оваа нормалност мора да ја поразиме. Македонија денеска е најизолираната држава, зашто е неспособна владата, рече Мицковски.

Мицкоски е за ветинг, но да почне од политичарите и се понуди себе си.

– Ќе дојдат, ќе ветуваат ветинг во судството. Ајде да почнеме прво од политичарите, ветинг во политиката. Се пријавуваме јас и моето семејство, од нас да почне, ама тоа ќе мора да го сторат сите. И овој закон мора да се поддржи, ако некој не го поддржи ќе знаеме дека долго бил со рацете во медот. Ние ќе покажеме кој се богател на грбот на народот, рече Мицкоски.

За да се сменат работите, ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, со експерти создаде читанка, проект „Обнова“ во кој се опфатени сите сфери и има решенија за сите.

– Има повеќе од 1.000 проекти. Тоа е за еден четиригодишен мандат. Нема чуда, туку се што ветуваме ќе се реализира, изјави Мицкоски.

Пред прилепчани се обрати и носителот на листата на кандидати за пратеници во Четвртата изборна единица Александар Николоски, кој потсети на заложбите доколку ја добијат довербата од граѓаните. Повика на масовен одзив на 15 јули.


НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени - МИА
Бизнис

НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени

Скопје, 12 август 2020 () – Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење. Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе […]

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*