Лукаревска: Навремениот и неселективен поврат на ДДВ кон компаниите исклучително важен за развојна економија


Лукаревска: Навремениот и неселективен поврат на ДДВ кон компаниите исклучително важен за развојна економија - МИА

Скопје, 5 јули 2020 () – Ние сме носители на напредок, развојна економија, просперитетна држава, рече носителката на изборната единица 2 Сања Лукаревска од коалицијата „Можеме”, која денеска оствари повеќе средби со граѓани и компании во Куманово.

Таа нагласи дека добрата соработка со компаниите и навремениот, неселективен поврат се исклучително важни во креирањето развојна економија. Поддршката на компаниите и вработените, најави дека ќе продолжи за што предвидуваат 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 милиони од европските фондови.

– Минималната плата од девет илјади денари за само три години ја искачивме на 14.500 денари. Во наредниот мандат платите и пензиите ќе растат. Минималната плата ќе ја покачиме на 20 илјади денари, а просечната плата до крајот на мандатот ќе се искачи на 34 илјади денари, посочи Лукаревска.

Таа истакна дека креираат политики што ќе обезбедат услови за успешен млад претприемач, успешен спортист, доктор кој останува да работи во нашите болници, иноватори.

– Ги поттикнуваме младите и  жените да отвораат сопствени фирми со грантови до 15 илјади евра. Принципот 50/50 што го промовираме во сите сфери на општеството значи еднакви права за жените и мажите, eднакви плати за жените и мажите, eднакви обврски за жените и мажите, рече Лукаревска.

Лукаревска денеска во Куманово разговараше со компании корисници на економската мерка за исплата на плати за април и мај, како и на субвенциите за покривање на придонесите до шест илјади денари, со цел исплата на повисоки плати.

Со младите во Куманово, таа разговараше за поддршката на младите и нивното активно вклучување во македонската развојна економија.

– Парите ги враќаме на граѓаните преку многу мерки за поддршка, преку изградба на современа инфраструктура. Куманово добива целосно ново „стрит бол“ игралиште, а со финансиска поддршка од Програмата за рурален развој интензивно се работи на пристапен пат и уредување на локацијата Студена вода со урбана опрема за спорт и рекреација, додаде Лукаревска.


Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*