Јанушев: Бесплатна гасификација до секој дом, финансиската помош и 4 милијарди евра инвестиции за економскиот развој


На денешната дебата во „Отворено студио“ во Телевизија 24, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на листата на пратеници во Третата изборна единица, Игор Јанушев, во однос на проектите за економски развој  истакна дека партијата ќе биде фокусирана на подигнување на животниот стандард, со 4те милијарди инвестиции, бесплатната гасификацијата до секој дом, енергетските проекти и влезот на новите компании ќе бидат поттик за добар старт во економскиот развој.

-Најавивме нов инвестициски циклус од 4 милијарди евра, домашни и странски инвестиции што ќе бидат поттик за домашните и странските компании, веќе најавивме влез на три големи странски инвестиции веднаш по формирањето на новата влада, што ќе биде добар старт за развој на економијата, истакна Јанушев.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирано на  подигнувањето на животниот стандард, преку оној модел на реиндустријализација на државата, за да се создаде природен механизам за развој.

Јанушев потенцираше дека освен најавените 25% на платите на вработените, 20 % зголемување на пензиите во рок од четири години, се обврзува со обновата дека со овие мерки невработеноста ќе биде под историските 10%.

-Гасификација до секој дом, до секое семејство и тоа бесплатно на трошок на државата преку енергетски фасади во секој објект и 50% субвенционирање на трошоците за истите, ќе ја придвижи економската активност пред се на домашните компании,вели Јанушев.

Во делот за заштита на работничките права Јанушев потенцираше дека ќе се  реформира целосно инспекцискиот надзор во државата каде последниве години имаме селективно спроведување на правдата.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*