Џафери и Пендаровски и натаму со различни ставови за роковите за врачување на мандатот



Џафери и Пендаровски и натаму со различни ставови за роковите за врачување на мандатот - МИА

Скопје, 12 август 2020 () – Талат Џафери, доскорешен претседател на Собранието, а сега негов претседавач, повторно предупреди дека доколку претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен.

-Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците, истакна Талат Џафери синоќа во интервју за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

Ова е предвидено во Деловникот, објаснува Џафери, додавајќи дека секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој штотуку заврши. Исто така најавува дека ако мандатот за формирање на Владата се довери без да претседател на Собрание, тогаш се ризикува институциите да влезат во уставно-институционална криза, бидејќи претседателот нема кого да информира.

Џафери прашува кого ќе го извести Пендаровски дека го додедил согласно членот 110 од Деловникот на Собранието – „претседателот на Собранието кој не постои“.

Тој вели дека како претседавач на Собранието, според Деловникот, ќе продолжи да претседава со конститутивната седница се додека не биде избран новиот собраниски спикер.

Настанатата состојба, Џафери ја гледа како последица на политички толкувања, а не со правна основа и  додава дека Уставниот суд има простор за превентивна работа и рок да се произнесе околу овие дилеми.

Пред неколку дена, пак, од Кабинетот на Пендаровски појаснија дека согласно уставните одредби во член 90 став 1 рокот за доделување на мандатот е десет дена од констиуирањето на Собранието. Со денот на верификација на мандатите на пратениците се смета дека Собранието е конституирано, појаснија за од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Велјановски, испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите, иако не е избран претседател, појаснуваат од кабинетот.

Кабинетот на претседателот, како што посочија тогаш од таму, го очекува дописот од претседавачот Талат Џафери, со кој ќе информира дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на 4 август 2020 година.

-Без разлика на дописот, согласно уставните норми, роковите за доделување на мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието течат од 5 август 2020 година, истакнуваат за од кабинетот на Пендаровски.

Согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, минатиот вторник во Собранието на Република Северна Македонија, во салата со Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, на која присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

На дневен ред на конститутивната седница беа четири точки, од кој само за првите две имаше расправа. Останатите точки кои предвидуваат избор на претседател на Собранието, негови заменици и членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претседателот на претходниот состав Талат Џафери, ќе се дискутираат тогаш кога ќе се создадат услови за тоа.


Осум објекти од детската градинка ,,Рада Поцева“ од Кавадарци започнаа со работа - МИА
Вести

Втор случај на дете во градинка заразено со Ковид 19, Владата останува на ставот родителите да се вратат на работа

Скопје, 18 септември 2020 () – Втор случај на Ковид-19 на дете во градинка вчера беше регистриран во нашата држава. Се работи за дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“. Детето не […]

Судењето за организаторите на 27 април продолжува на 26 август - МИА
Вести

Продолжува судењето за организаторите на 27 април, Талат Џафери повикан како сведок

Скопје, 18 септември 2020 () – Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието. На предлог на одбраната, треба да бидат […]

Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски на Министерството за одбрана - МИА
Вести

Реакции во земјава по бугарскиот меморандум, Владата потенцира дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неспорен факт

Скопје, 18 ноември 2020 () – Реакции на македонската политичка сцена предизвика објаснувачкиот меморандумот што Бугарија го испрати до земјите-членки на ЕУ, во кој се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Нацијата […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*