ДИК: Одѕивот до 20:45 часот 50,86 проценти


Дерковски: Им честитам на граѓаните, изборниот ден помина одлично, со мали исклучоци - МИА

 До 20:45 часот на гласање на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86   проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.466 од 3.480 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица –  59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23  проценти. Тој рече дека очекуваат бројката да се зголеми за последните 15-20 минути.

Во Првата изборна единица излезноста е 52,17,  во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти.

-Од општините каде што е поизразена излезноста е Првата изборна единица и тоа во Карпош 53,73 проценти, во Аеродром 51,84, во Кисела Вода 52,77, во Македонски Брод 70,09 проценти, во Сарај 52,02 проценти, во Сопиште 59,55 проценти, во Центар 52, 72 проценти и во Чаир 47,58 отсто, рече Дерковски.

Во Втората изборна единица, како што посочи, Арачиново има 47,21, Бутел 50,67, Гази Баба 50,69, Ѓорче Петров 51,91 проценти, Старо Нагоричане 53,64 и Шуто Оризари 33,58.

-Во Третата изборна единица каде што излезноста на цела изборна единица е 57,31 процент, во Берово има 63,3 проценти излезност, во Велес 53,08, во Делчево 58,67, во Штип има 56,65, во Петровец 55,15, во Крива Паланка 72,32 и во Илинден 52,44 проценти, информира претседателот на ДИК.

Во Четвртата изборна единица, како што истакна, во Богданци излезноста е 58,85 проценти, во Василево 58,07 проценти, во Гевгелија 69,25 отсто, во Демир Капија 69,47, во Кавадарци има излезност 62,53 проценти, во Прилеп 61,23 проценти, во Неготино 69,95 проценти, а во Струмица 57,15 проценти.

-Во Петта изборна единица во Битола излезноста е 56,57 проценти, во Дебар 40,28 проценти, во Кичево 51,58, во Крушево 70,21 процент, во Ресен 48,72 отсто, во Струга 42,92 и во Охрид 54,63 проценти, рече Дерковски.

Во Шестата изборна единица, како што нагласи Дерковски, во Тетово има излезност од 45,53 отсто, во Гостивар 37,9, во Брвеница 39,64, во Јергуновце 45,81 процент, делот од Кичево 37,25 што спаѓа во ИЕ 6 и Врапчиште 32,09 проценти.

– Сакам да им заблагодарам на сите граѓани за денешните избори, за денешниот изборен ден којшто помина би рекол во исклучително сложена ситуација во нашата држава, меѓутоа помина одлично со мали исклучоци коишто во текот на денот заедно со вас ги расправавме и можам само да им честитам за изразениот демократски капацитет којшто го покажаа во овој изборен ден, истакна претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*