Чулев: Изборите минаа во мирна фер и демократска атмосфера


Чулев: Изборите минаа во мирна фер и демократска атмосфера - МИА

Скопје, 15 јули 2020 () – Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кои крајно одговорно бескомпромисно неселективно и согласно законски надлежности постапуваше, оцени вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој додаде дека на ваков начин МВР претставувало силен гарант за спроведување на граѓанската волја, но, како што рече, и за почитување на словото на Уставот и на законите.

Притоа како што рече, биле преземени и мерки за заштита на здравјето на граѓаните, со оглед на тоа што овие избори се одржаа во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.

Тој изрази благодарност до сите вклучени во изборниот процес за тоа што тој поминал во демократска и фер атмосфера.

-Задоволство ми е и што успеавме во исклучително тешки околности да го дадеме својот максимум да ја обезбедиме безбедноста на овие парламентарни избори, дополни Чулев.

Министерот за внатрешни работи на прес-конференцијата информираше и за одредени неправилности и за мерки кои биле преземени и постапки кои биле покренати.

-Заклучно до 20 часот на сите осум сектори за внатрешни работи денеска од отворањето на гласачките места во 7 часот утрово вкупно беа евидентирани 151 настан, од кој за 31 настан наводите во пријавите по истите не се потврдени. Констатирани се девет прекршоци, рече Чулев.

Тој додаде дека заради расчистување на настани приведени се осум лица од кои четири за фотографирање на гласачко ливче – три лица за сторени прекршоци и едно кај кое било најдено гласачко ливче.

Најмногу прекршоци се пријавени на подрачјето на СВР Струмица – вкупно 38 настани, а по 31 во Скопје и Штип, СВР Битола регистрира 23 настани, СВР Куманово 14, СВР Тетово шест и СВР Велес пет, а најмалку односно три настани во Охрид.

Пријавите за настаните во најголем дел се за агитирање вкупно 75, 29 за давање поткуп,  испишување графити шест, нарушување на ЈРМ пет настани, фотографирање на гласачко ливче шест, седум случаи на попречување на гласачи и два настани настани кои се однесуваат на фотографирање на гласачи.

 

 

 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Течат разговорите за формирање нова влада, засега ништо официјално

Скопје, 6 август 2020 () – Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите течат, но засега се уште никој официјално не се изјасни дали постигнал договор. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на […]

Во Србија седум лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од Ковид-19 - МИА
Вести

Во земјава 3557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Скопје, 6 август 2020 () – Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*