Централен митинг на Коалицијата „Сега е време“ во Струга


Централен митинг на Коалицијата „Сега е време“ во Струга - МИА

Скопје, 4 јули 2020 () – Коалицијата „Сега е време“ вечерва одржа централен митинг во Струга.



Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на митингот меѓу другото зборуваше и за идејата на, како што рече, Заев и Мицкоски за размена на пратеници за да не бидат условени од Албанците да формираат влада.

– Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада. Еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе создадеме нашата албанска влада, рече Села од Струга.

Претходно, лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши беа во Лабуништа.