Албанските медиуми за денешните избори кај нас


Албанските медиуми за денешните избори кај нас - МИА

Тирана,15 јули 2020 () – Албанските медуми, без исклучок отстапуваат простор за денешните вонредни парламентарни избори во Северна Македонија, кои, како што посебно акценираат, се спроведуваат во услови на пандемија и минуваат без никаков проблем.

-Граѓаните на Северна Македонија според посебни протоколи денеска го остваруват граѓанското право да гласаат и да ги изберат новите пратеници во 120-члениот законодавен дом. Гласањето почна точно во 7:00 часот а завршува, за првпат, во 21:00 часот, поради актуелната епидемилошка состојба. Изборниот тек минува во фер и демократска атмосфера, пренесува Топ-чанел телевизија.

Медиумите наведуваат дека за првпат во земјата се гласа три наместо еден ден, посочувајќи при тоа и бројки на гласачи.

-Во Северна Македонија, каде изборите за првпат се спроведуваат три дена, почнаа во понеделникот со гласањето на заболените со Ковид-19 и оние во самоизолација, вчера гласаа болните, изнемоштените и осудените лица, додека денеска сите други граѓани, наведува агнецијата Балкан веб.

Телевизија Ора њуз, дава прглед на учесниците на изборите „15 политички партии и коалиции, а во трка за пратенички мандат се 1.578 кандидати. Од вкупниот број 675 или 42,78 отсто се жени додека 903 ил 57,22 отсто се мажи“.

Потсетува дека предвремените парламентарни избори требало да се одржат на 12 април, но „поради пандемијата тие се одложени и по многу разговори постигнат е договор меѓу политичките партии за 15 јули“.

Топ-чанел наведува дека Министерството за внатрешни работи има ангажирано околу 6.000 припадници кои се грижат за безбеден изборен процес.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*