Активистите на коалицијата „Сега е време“ со спортска активност во паркот „Сарај“


Активистите на коалицијата „Сега е време“ со спортска активност во паркот „Сарај“ - МИА

Скопје, 5 јули 2020 () – Носителот во изборната единица 1 од коалицијата „Сега е време“, Скендер Реџепи – Зејди, кандидатот за пратеник, Абдула Салиу и активисти и поддржувачи на коалицијата „Сега е време“ денеска се дружеа со младите на Алијанса за Албанците и Алтернатива во паркот „Сарај“.

-Младите се потенцијална моќ врз која се гради нашата иднина. Оваа младинска моќ ќе биде гласот на разумот за социјални промени што ќе се случи на 15 јули кај Албанците, рече Реџепи – Зејди.

Кандидатот за пратеник на коалицијата „Сега е време“, Абдула Салиу порача дека активирањето на младите е витална шанса да се донесе промена на 15 јули.

-Вие сте иднината на нашето општество, истакна Салиу обраќајки се кон младите.

Пред младите зборуваше и поранешниот албански фудбалер од Скопје, Ертан Демири, кој истовремено е и кандидат за пратеник на коалицијата „ААА – АА“.


НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени - МИА
Бизнис

НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени

Скопје, 12 август 2020 () – Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење. Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе […]

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*