Ахмети: Првиот премиер Албанец во Северна Македонија ќе се избере тука во Собранието


Ахмети за „Ди пресе“: Време е за премиер Албанец - МИА

Скопје, 12 јули 2020 () – Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска пред Парламентот изјави дека кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери нема ниту еден скандал зад себе. Тој, рече Ахмети, ќе биде избран тука во Собранието.

На прес-конференцијата пред Собранието, Ахмети оцени дека Зибери има многу поголемо искуство отколку останатите двајца кандидати Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

– Време е оваа нова генерација зад мене да ја покаже својата вредност, а Вие, сите, определени и неопределени, жени и мажи, млади и стари, излезете и гласајте, заокружете го бројот 9, потврдете ја Вашата вредност давајќи и можност на новата генерација и тие да ја докажат нивната вредност и да го изберат првиот премиер Албанец во Северна Македонија кој ќе се избере токму во ова зграда позади мене, во Собранието, рече Ахмети.

Посочи дека нивната идеја за прв премиер Албанец датира уште од нивниот втор партиски Конгрес, одржан на 17 декември 2009 година во Скопје.

Во своето обраќање, Ахмети истакна и дека е дојдено време да се постави, како што рече, последниот камен во ѕидовите на тврдината за да се острани етничката хомогенизација и да им стави крај на предрасудите.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*