Ахмети: Никој да не се плаши од првиот премиер Албанец


Ахмети: Никој да не се плаши од првиот премиер Албанец - МИА

Скопје, 1 јули 2020 () – Во движење се ставени не само земјата и регионот, туку и меѓународни центри, бидејќи правдата е на наша страна  и целата врева се крева поради тоа што ние излеговме со наше правно и легитимно барање за премиер Албанец, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на промоцијата на партијата во Куманово.

– Наместо да се радуваат, другите се налутија и се разочараа. Наместо да ја поздрават, тие ја исмеваат. Ние знаеме дека кога се вознемируваат другите имаат голема мака, но не треба толку да се грижат затоа што со премиерот Албанец ќе се зголеми лојалноста на Албанците кон државата, со премиерот Албанец ќе се зајакне интегритетот и суверенитетот на државата ние не го земаме делот на другиот бидејќи никогаш не сме сакале нешто што не било наше, туку нашиот дел за кој сме пролеале крв, истакна Ахмети.

Тој изјави дека е „загрижен од македонските политичари“, но и од претседателите на
албанските политички партии во однос на нивната реакција за идејата на премиерот Албанец во земјава.

– Нашите сограѓани Македонци ме разочараа бидејќи веднаш се исплашија од идејата за премиер Албанец, истакнувајќи дека Албанец не може да биде премиер во Република Северна Македонија. Од дедо и прадедо со документ ни ја оставија земјата и заедно со Сонцето ние сме тука и никој не може да негира едно легитимно право кое самиот Господ го познава. Како можеше да се избере претседател на Собранието Албанец и токму тие говореа дека не може да стане, министер за одбрана Албанец, министер за внатрешни работи Албанец, претседател на Врховниот суд Албанец и ништо лошо не и се случи на ова земја, напротив процесите се движат напред, Европа е Европа на различностите, истакна Ахмети во обраќањето.

Тој потенцира дека во предизборието слуша многу ветувања дека државата ќе стане членка на Европската Унија, но за тоа членство на нашата земја во европското семејство, како што рече, треба да се направат длабоки реформи во правото, да се спроведе ветинг, да се бориме против криминалот и корупцијата.

– Ова може да го направи еден премиер Албанец, истакна Ахмети во обраќањето.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*