Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата



Ахмети ги кани Гаши, Касами, Села и Тачи на средба на годишнината од Рамковниот договор - МИА

Скопје, 10 август 2020 () – Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска, по средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев во Собранието истакна дека разговарале околу платформите за да ги доближат ставовивте, нагласувајќи дека ќе зависи од волјата на двете страни за да се постигне позитивен епилог во полза на државата.

– Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам. Ние инвестираме во прашањето за Албанците, во добра насока сме и готови сме ова да ги направиме за државата затоа што придобивка ќе има стабилноста на државата, приближувањето на заедниците,
сакаме и сме подготвени ова да го направиме за државата, истакна Ахмети.

Тој рече дека веќе го информирал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски оти неговата партија започнала преговори со СДСМ, како победник со победник.

– Јас го информирав Мицковски дека започнаа преговори меѓу ДУИ и СДСМ за тие да не создадат лажно мислиење, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор, потенцираше лидерот на ДУИ.

Тој изрази надеж дека сите партии ќе имаат силна волја за да се надминат разликите и потешкотите.

Околу прашањето за премиер Албанец, што беше предизборно ветување на ДУИ, Ахмети оцени дека, колку се блиску, толку се и далеку.

– Јас сметам дека колку што сме блиску толку сме и далеку, но сепак сите страни мораат да ги имаат предвид големите интереси на државата, рече Ахмети.


Изминатата недела 705 нови позитивни со коронавирус, за 10,8 проценти помалку од претходната - МИА
Вести

Осум лица починати од Ковид-19, новозаразени 144, оздравени 97 пациенти

Скопје, 18 септември 2020 () – Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на Ковид-19, починати се осум лица, а  оздравени 97. Од […]

„27-ми Април“ пред Апелација на 27, 28 и 29 мај - МИА
Вести

Врховен ги потврди пресудите на Апелација за Груевски, Поповски и Јанкулоска

Скопје, 18 септември 2020 () – Врховниот суд на Република Северна Македонија ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје и ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски […]

Осум објекти од детската градинка ,,Рада Поцева“ од Кавадарци започнаа со работа - МИА
Вести

Втор случај на дете во градинка заразено со Ковид 19, Владата останува на ставот родителите да се вратат на работа

Скопје, 18 септември 2020 () – Втор случај на Ковид-19 на дете во градинка вчера беше регистриран во нашата држава. Се работи за дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“. Детето не […]

1 Comment

  1. Дали преговорите се водат на Албански јазик, бидејќи и тој е службен јазик на оваа држава?

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*