Ахмедовски: Во претстојниот мандат ќе сработиме уште повеќе и уште подобро во интерес на заедницата


Ахмедовски: Во претстојниот мандат ќе сработиме уште повеќе и уште подобро во интерес на заедницата - МИА

Делчево, 4 јули 2020 () – Сивата ромска политичка зона да стане бела и ромската заедница достоинствено да учествува во креирањето економски развој и иднина на младите. Ова од Делчево денеска го порача претседателот на партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски кој потенцираше дека партијата се одлучила за коалиција на претстојните избори рече дека само на тој начин ќе се обезбеди еднаквост за сите.

-На тој начин ќе се обезбеди и толеранција искоренување на дискриминацијата и сиромаштијата преку креирање на заеднички јавни политики со активна вклученост на вистински претставници на ромската заедница во институциите на системот. Ако ме прашате зошто коалиција со СДСМ, затоа што сметаме дека на тој начин ќе биде обезбедена поголема социјална сигурност, рече Ахмедовски.

За време на неговот учество во Владата, како што додаде, гарантираната минимална помош е трипати повисока од социјалната помош, а паралелно е воведена социјална сигурност за старите лица, таканаречена социјална пензија за лицата над 65 години.

-Воведен е детски и образовен додаток за деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош, покачена е минималната плата, покачена е минималната пензија, овозмоѓено е ослоодување од пратиципација за здравствено лекување за семејства корисници на гарантирана минимална помош и пензионери со ниска пензија, зголемена е вработливоста пред се за младите Роми преку активните мерки за вработување, додаде Ахмедовски.

Претседателот на партијата за демократски просперитет на РОмите кој се наоѓа и на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Третата изборна единица исто така напомена дека за време на неговото едногодишно министерување во Министерството без ресор, со урбанистичката експанзија биле опфатени ромските заедници во повеќе градови во државата. Најави дека овие прашања, кои се од особен интерес за ромската заедница, во претстојниот мандат ПДПР како партија, уште подобро и поквалитетно ќе ги сработи.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Течат разговорите за формирање нова влада, засега ништо официјално

Скопје, 6 август 2020 () – Разговорите за формирање нова влада меѓу партиите течат, но засега се уште никој официјално не се изјасни дали постигнал договор. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на […]

Во Србија седум лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од Ковид-19 - МИА
Вести

Во земјава 3557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот

Скопје, 6 август 2020 () – Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*