Тренески: Се залагавме МИА секогаш да биде независна и да ја кажува вистината


– Првиот претседател на Управниот одбор на МИА, Борче Тренески во интервју по повод 20-годишнината од работењето на Агенцијата се осврна на периодот и напорите за формирањето на МИА.



– Роденденот на МИА, 30 септември 1998, кога свечено беше пуштена во работа првата новинска агенција во независна Република Македонија по осамостојувањето во 1991 година, е значаен датум во нашето новинарство. Како дел од тимот за формирањето на МИА свежи ми се сеќавањата за сите активности за и околу сите подготовки. Агенцијата е основана со Одлука на Владата на РМ во март 1997 година (како надлежна за формирање на агенции и Јавни претпријатија), а во декември истата година донесени беа одлуки и именувани членовите на Управниот и на Надзорниот одбор. За директор беше именуван новинарот и портпарол на Владата Зоран Иванов. Јас како потсекретар во Владата и претседател на Управниот одбор на МИА го организирав донесувањето на Статутот на седницата од 27 јануари 1998 година, кој Владата го усвои на седницата на 2 февруари истата година. УО ги донесе и правилниците за Организација на работењето и за Систематизација, со што веќе можеа да се постават контурите и визијата за МИА, раскажува Тренески.

Тој истакна дека „започнале активности за обезбедување на просторни услови за работа, како и материјално-технички средства за работа. Истовремено започнаа и подготовките за кадровско екипирање со искусни новинари“.

– И покрај нашите познавања за агенциско работење, во градењето на Концептот за МИА ги користевме и светските искуства на големите и помалите новински агенции во светот. Во тие рамки со директорот Зоран Иванов најпрво ја посетивме Словенечката новинска агенција – СТА, чии искуства беа мошне значајни како прва држава самостојна и транзициска. Втората посета, во средината на септември 1998 година, беше на турската новинска агенција АНАДОЛИЈА како една од најголемите и најраспространетите во светот. При повеќедневната посета со членот на Надзорниот одбор на МИА Ремзи Ѓенова и новинар и уредник на надворешно-политичката рубрика од весникот на турски јазик „Бирлик“, собрани беа корисни искуства во организирањето на агенциското работење. Од страна на оваа агенција беше дадена и соодветна техничка помош. Бидејќи подготовките за пуштање во употреба на МИА беа при крај и датумот беше определен 30 септември, меѓутоа непознат за нашата јавност поради изненадување, првата вест за датумот на пуштање во работа на МИА, во подолг разговор за ова посета, подготовките и воспоставената соработка со турската новинска агенција, првпат го соопштив на турската радио телевизија ТРТ во Анкара, додава Тренески.

По сите комплетни подготовки, како што нагласи Тренески, и свеченото пуштање во употреба на МИА на 30 септември 1998 година од страна на државниот врв, а со тоа и првата веста, Македонија ја доби првата независна агенција која можеше да ја пренесува вистината за самостојна и независна Република Македонија. „Врз основа на светските искуства и нашите потреби, заедно со првиот тим, ја осмисливме и се залагавме МИА секогаш да биде независна агенција што ќе ја кажува вистината и само вистината за самостојна и независна Република Македонија, притоа поаѓајќи од фактот дека само со вистина нашата Македонија може да оди напред, во Европа“, вели првиот претседател на УО на МИА.

– Им укажувавме на новинарите да се борат за вистината како наше најсилно оружје. Со тоа МИА уште во почетокот ангажираше голем број новинари, сорабитници и дописници и 24 часа емитуваше вести на македонски, албански и англиски јазик и го сервисираше целиот простор на печатени и електронски медиуми. Ги сервисираше нашите дипломатско-конзуларни претставништва во странство, и сите институции, организации, мисии и слично. Значи дејноста на МИА беше собирање, обработување и дистрибуирање на вести и информации за настаните и појавите во РМ и во светот, како и издавање публикации, брошури, вршење на фото и аудио и видео услуги од новинарската област. МИА во првите години од формирањето многу успешно ја остваруваше својата функција, се додека истата ја напушти и стана алатка на владејачката партија, истакна Тренески.

Тој на крајот, честитајќи го 20-годишниот јубилеј, потенцира дека „денес пред МИА стојат нови предизвици да се врати на основниот концепт и да биде независна, посебно со отварањето на патот на нашата држава кон ЕУ и НАТО“.

Габриела Точко


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*