Ташевска Ременски: Обвинителството и Судот ќе ценат дали законот ќе важи за лицата што се повикуваат на амнестија

Потпретседателката на Собранието и копретседавач на Интерпартиската парламентарна група за интеграција, помирување и реформи Фросина Ташевска Ременски за МИА изјави дека групата ќе се состане следната недела за да го разгледа текстот на законот за амнестија на подгрупата за помирување, да го усвои, да го преточи во формат на предлог-закон и да го предложи на Собранието на РМ, што всушност и и нивиот мандат.
– Важно е што продгрупата и ИППГ за интеграција, помирување и реформи не ја презема улогата на Обвинителството или Судот за да цени и мери вина, затоа што ниту имаме мандат, ниту пак ги имаме доказите и информациите со кои располага Обвинителството. Целта беше, од една страна, да се постават рамките со опис на дејствијата поврзани со 27 април кои не можат да бидат амнестирани, а од друга страна да се почитува правото и обврската Обвинителството и Судот да ја водат постапката до краен резултат.  Индивидуалниот пристап кон законот на обвинетите за настаните од 27 април е исто така почитуван, односно барањето што до надлежниот орган треба/може да го достави секој од обвинетите за настаните. Во таа постапка Судот и Обвинителството ќе го имаат правото да ценат (врз основа на доказите) дали законот важи за лицето што се повикува на амнестија, и какво решение ќе му издаде. Секако жалбената постапка е гарантирана, потенцира Ташевска Ременски.
Во продолжение во целост го објавуваме разговорот на потпретседателката на Собранието и копретседавач со Интерпартиската парламентарна група за МИА:
Вие сте копретседавач на Интерпартиската парламентарна група за помирување која треба да се состане и да го разгледа предложениот текст од подгрупата. Првичните информации се дека со него нема да бидат опфатени организаторите на настаните од 27 април и лицата што извршиле насилство. Што друго е предвидено да содржи овој текст? 
Како што беше нагласувано многупати досега, една од појдовните точки во разговорите околу настаните од 27 април беше јасната дистинкција околу категориите „подготвувачи и организатори“ на упадот во Собранието на 27 април, „лица кои извршиле насилство“ и „лица кои се осудени за насилство и обид за убиство“. Сметаме дека овој настан кој внесе, и сеуште внесува поделби и омраза помеѓу граѓаните кои „бранат“ страна во настаните и даваат оправдување зошто се случил 27 април, треба да се третира примарно низ призмата на тоа што не може и не смее да се толерира – тоа е насилството, обидот за убиство и организацијата на упадот во Собранието. Секако, примарен принцип останува немешањето во работата на правосудните органи и постапките на оценка на индивидуалната вина за настаните за обвинетите лица од страна на обвинителството и судот. Законското решение што ќе произлезе од оваа согласност околу горенаведените работи во ниту еден случај не смее и нема да ги оневозможи правосудните органи да ја продолжат постапката за целосно расветлување на настаните од 27 април што е многу важно. Важно е што продгупата и ИППГ за интеграција, помирување и реформи не ја презема улогата на Овинителството или Судот за да цени и мери вина, затоа што ниту имаме мандат, ниту пак ги имаме доказите и информациите со кои располага Обвинителството. Целта беше, од една страна, да се постават рамките со опис на дејствијата поврзани со 27 април кои не можат да бидат амнестирани, а од друга страна да се почитува правото и обврската Обвинителството и Судот да ја водат постапката до краен резулатат.  Индивидуалниот пристап кон законот на обвинетите за настаните од 27 април е исто така почитуван, односно барањето што до надлежниот орган треба/може да го достави секој од обвинетите за настаните. Во таа постапка Судот и Обвинителството ќе го имаат правото да ценат (врз основа на доказите) дали законот важи за лицето што се повикува на амнестија, и какво решение ќе му издаде. Секако жалбената постапка е гарантирана.
Дали правдата ќе биде задоволена со едно вакво решение кое треба да значи чекор кон помирување и дали ова не значи предвреме помилување за одредени учесници во настаните од 27 април во Собранието?
Сите чинови на амнестија што ги имала РМ од осамостојувањето до денес, како и примерите што ги имаат други земји, пред се имале политички мотив и тоа е неспорно, имајќи во предвид дека самата амнестија по дефиниција е тоа. Самиот чин на амнестија испраќа порака кон амнестираните и нивната одговорност кон поширокиот интерес на заедницата, а не кон индивидуалниот, а во истовреме испраќа порака и на заедницата за вреднување на настаните и дејствијата за кои има, односно нема амнестија. Важно е да се спомене дека, заради интересот на пошироката заедница, во случај со настаните од 27 април не беа примарни субјективните чувства на жртвите од настаните. Сметаме дека тоа може да биде појдовна точка за следните чекори во процесот на помирување што секако е еден долгоротраен процес што мораме да го продолжиме. Процесот на помирување, нема да заврши со третман само на настаните од 27 април. Овој процес треба да ги опфати сите извори, причини и терени на исполнување на политички мотивираната радикализација на младото население, говорот на омраза кој раѓа насилство и секако меѓуетничките и меѓуверски односи. Ако на овој процес се гледа како помирување на политичарите, а не како процес што ќе ги тргне камењата на сопнување во односите помеѓу граѓаните и нивната  општествена одговорност кон процесите од интерес на стабилноста и почитувањето, тогаш е време сите општествени субјекти да си ја преиспитаат својата улога и одговорност за последиците од настаните кои на крајот повторно ги решаваат политичарите.
Кога ќе се состане Интерпарламентарната група и има ли краен рок до кога би требало да биде донесен законот, имајжи предвид дека помирувањето е условено со гласовите за уставни амандмани? 
Очекувам ИППГ за интеграција, помирување и реформи следната недела да го разгледа текстот на подгрупата за помирување, да го усвои, да го преточи во формат на предлог-закон и да го предложи на Собранието на РМ. Тоа е всушност и нашиот мандат. Претседателот на Собранието има деловничко и законско право да закаже седница на која ќе се разгледува од страна на работните тела и пратениците.
Елизабета Велјановска Најдевска
Вести

Ново привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, привремено ќе биде затворен регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави […]

Балкан

Турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој патувал Ципрас

За време на патувањето на премиерот на Грција, Алексис Ципрас кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го […]

Вести

Утврден редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Партиите кои поднесоа кандидатури за предвремени избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар, денеска во ДИК со жрепка ги добија редните броеви под кои ќе се најдат нивните кандидати на гласачкото ливче. Предвремените […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Вести

Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит. – Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе одиме кон […]

Вести

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности. Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е […]

Интересно

Џенифер Лопез и Алекс Родригез во реклама за очила за сонце

Новопечените свршеници Џенифер Лопез и Алекс Родригез се поврзаа и во модниот свет, за новата кампања за очила за сонце на брендот Квеј Австралија. – Квеј Австралија е еден од моите омилени брендови откако ги […]

Интересно

Безжичните слушалки на Епл може да предизвикаат рак

Безжичните слушалки Ерподс на Епл, како и другите безжични додатоци на паметните уреди, може да предизвикаат рак, сметаат стручните лица од Универзитетот Беркли. Според д-р Џоел Московиц, тие технолошки уреди „комуницираат меѓу себе користејќи поле за […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*