Сопственикот на Атлантис Груп, Мирсинов: Со изградбата на објекти го остварив мојот животен сон да усреќам многу семејства со топол дом


Посветеност во градењето објекти, квалитетни проекти и насмеани лица на семејствата, кои трајно имаат покрив над главата и топол дом.


 

Компанијата „Атлантис Инвест Груп“ од Велес, со својата прогресивна работа успешно чекори на пазарот со градежништво во конструкција на станбени објекти.

На поволностите кои ги овозможува градежната компанија, се надоврзува Агенцијата за недвижности „Дематели“ како дел од групацијата – која претставува бенефит за клиентите во купопродажниот процес на објектите за домување.

Групацијата за граѓаните е позната со големиот број новитети, кои први кои ги промовираат во земјава.

Сопственикот и проект менаџер Дејан Мирсинов за „Опсервер“ ја сподели својата развојна приказна, која вклучува упорност и научна надоградба.

„Нашите почетоци беа во делот на трговија со градежни материјали, од програмот на некогашниот Киро Кучук АД Велес. Длабоко навлегувајки во продажбата стекнавме партнери – купувачи, кои производите ги инвестираа во градба на објекти. Од секогаш ме восхитувал тој момент на сочинување стотици артикли во еден краен производ – објект кој може да биде секогаш поинаков и за различни намени. Таа креативност беше и мојата инспирација за некогаш во мојата кариера да се реализирам како инвеститор на објекти за домување. Во 1993 година купивме плац и тогаш знаев дека на истиот плац еден ден ќе градам“.

Условите за живот и комфор во домот, како и разубавувањето на ентериерот и екстериерот се мотивите за почетоците во дизајнот и градежништвото, вели тој.

За комплетирање на идејата во стварност и нејзино материјализирање, изминуваат две децении или поточно 24 години труд, заложби, планирање и на крајот инвестиција.

„Во 2017 година се ,,склопија коцките“. Од тогаш до денес секојдневно го живеам мојот сон – градење на колективни станбени објекти. Во 2019 година, по неполни две години од кога започнавме со градба, ги доделивме клучевите на сопствениците на станови во првата зграда. Следејќи го процесот на вселување на семејствата, радоста за новиот дом, задоволството од условите за квалитетното домување  беше потик и инспирација за мене и мојот тим да отпочнеме со процесот на создавање на Агенција за недвижности Дематели, која ќе се грижи за побрзо спојување на понудата и побарувачката на недвижности“.

Дејан Мирсинов, сопственик и проект менаџер „Атлантис Инвест Груп“

Преку посредувањето на агенцијата, се олеснува процесот за избор и купување на станот. Особено што припаѓа на истиот сопственик и тим, кои одлично ја познаваат понудата и нејзините детали – се до препознавањето на замислата на клиентот.

„Дематели, скоро две години е место каде се сретнуваат велешани и оние кои имаат интерес за инвестиција во недвижности околу Велес и велешкиот регион. Задоволството од сработеното е наше бидејки со нашата работа сме усреќиле многу семејства кои продале и купиле некоја недвижност. Кога на ова ќе ги додадеме 80-те  семејства кои ни ја дадоа довербата и купија станови во градба, можам да кажам мојот животен сон и инспирација носи среќа и радост на многу семејства, но и на градот – бидејќи со нашите градби создаваме нова урбана населба во најрамниот дел на градот, далеку од градската врева и блиску до се што е потребно за модерно урбано живеење“ – потенцира Мирсинов.

Максималното вложување во професионализмот  трае до денес

Градежните материјали како насока во градежништвото, претставуваат почетна точка за отпочнување на градење објекти. Имагинацијата за изгледот на зградата е конектиран со познавањето на местоположбата за градба и карактеристиките на материјалот. Сето тоа придонесува за конкретни финансиски пресметки и креативна макета, која е предуслов за целосен производ.

Мрежната структура на соработниците која се создавала со години, денес овозможува партнери – секој усовршен во својата област.

Почетните неколку години се пресудни за распределба и препознавање на сериозните инвеститори.

„Нашите почетоци беа во трговијата  на градежни материјали и тој бренд го градевме  од 1991 до 2001 година и сето тоа ни помогна во голема мера за градбата, бидејќи дел од тие партнери кои сме ги снабдувале со материјал  денес во својата дејност имаат и проектирање и изведба. Во исто време овозможуваат градба на различни позиции од карабински и занаетски работи, а исто така ни се добавувачи за градежни  материјали за потребите на градбата. Додека во делот на градежништвото ни беа потребни 3 до 5 години за утврдување и потврдување како квалитетни инвеститори“ – истакнува Мирсинов.

Познавањето на градежната област за производ кој трае со децении и не го менува квалитетот

Жителите кога купуваат станбен објект, најмногу внимаваат на јачината и одржливоста.

Според истражувањата, во земјава станот или куќата се купуваат како трајна инвестиција. Повеќедецениски живот за семејството и остаток на поколенијата.

„Искуство и стручност  се клучните профили кои даваат  сигурност и стабилност па преку едукација и наобразба и  енергијата која произлегува од младоста се предуслови и гаранција  дека еден проект ќе успее- така и кај нас е пресудно тоа“.

Профитот во градежната индустрија и архитектурат се смета дека доаѓа со финалниот производ и продажбата, додека перодот на изградба со неговите финеси е потешкиот дел за градежната фирма кога се финансиите во прашање.

„Времињата се екстремно тешки за работење. Од 1991 до 2021 година имаме поминато  и тешки и малку полесни периоди. Состојбата во државава од нејзиното осамостојување до денеска ни носи  многу турболентни периоди дефокус од продуктивни и фокус на непродуктивни или лесни па напати и шпекулативни  и нечесни заработувања се зад нас. Неповолниот ветар, но со правилно едрење и добра посада секогаш можете да стигнете  до посакуваната дестинација“ – оптимистичен е сопственикот.

Разбирањето на потребите на клиентот претставува еден од клучните фактори за добра продажба

Вкусовите на граѓаните се различни, меѓутоа стандардите за квалитет на објектот се исти за сите.

Објаснувањето преку информирање, овозможува купувачот да има претстава за каков објект ќе ги вложи парите.

„Квалитет пред се едукација на кадарот и потрошувачите за едните да знаат што и како вложуваат, а другите што добиваат која преку одлични цени и рокови и услови за плаќање се успех наш кој нема тајна“.

Детектирање на целта придонесува кон трајност на компанијата. Додека, пак одржувањето со години на истото рамниште во конструкцијата на згради, го прави процесот стабилен.

„Урбанизација и просторно планирање заедно со сите чинители од централна до локална власт, јавни претпријатија и институции одговорни за инфраструктурата која е предуслов за локацијата и врз тој основ со добро претходно изработен детален проект со сите фази е половина успех, кој се комплетира заедно со изведбата и реализација на истиот“ – додава Мирсинов, со што ја нагласува поврзаноста на сите институционални фактори.

Проект 2020 – 2035: Нов урбанистички центар на градот Велес

Стремежот за напредок на градот и љубовта кон своите краишта, вродиле со изработка на студија за комплетно менување на западниот дел од градот Велес.

Новото идејно решение, ќе овозможи урбанизација и услови за населението какви што претходно недостасувале.

Отсранувањето на пречките ќе придонесе за удобно живеење во тој дел од градот.

„Тука сме доста посветени и за таа цел имаме  финансирано како Агенција за недвижности Дематели – Велес, изработка  на Архитектонско урбанистичка студија на западната зона на град Велес за нов урбанистички центар на градот за период од 2020-2035 година. За овој проект целата слава  ја препишувам на Архитектонски факултет и тимот кој  скоро една година го работеше, а го посветив на моето семејство  и го подарив на локалната самоуправа доколку проценат дека конвенира со нејзините цели на развој на тој дел од градот да го иплементира во ГУП-ДУП. По вкус и интерес од сите релевантни субјекти кои беа опфатени и сите други се потврди дека тоа е патот по кој треба да се оди  е дека визија еден сон, стручна анализа и професионална и законски пред се реализација“.

Знаењето, професионалноста и сконцентрираноста на работата – овозможуваат неминовна заработка и создавање бренд, смета тој.

„Апелирам до сите генерации дека без искуство, зрелост и карактер кој е споив со наобразба и постојана едукација, карактер и пред се посветеност со упорност, како и професионален однос кон колегите и корисниците – е мојата порака за успех. Заработката ќе дојде неминовно со брендот. Со вербата, надежта љубовта кон работата како и верба кон Бога, планини се поместуваат – посакувам благослов и мир божји до секое семејство“, заклучува сопственикот Дејан Мирсинов.

Рената Блажевска