Мирослав Хованчик: Може да се очекува нов голем мигрантски бран кон Европа

Мирослав Хованчик, експерт во Одделот за анализа на ризик и статистика во Министерството за внатрешни работи на Словачка, во интервју за МИА вели дека може да се очекува нов голем мигрантски бран кон Европа, но не само од воените зони на Блискиот Исток, туку и од Западна Африка, каде што луѓето таму се соочуваат со последиците од глобалното затоплување. Посочува и дека освен западнобалканската, се отвораат и други мигрантски маршрути. Тој во интервјуто за МИА истакнува дека земјите од ЕУ немаат единствен систем за азил, посочувајќи ги големите разлики во политиките во поглед на нерегуларната миграција во Германија и во Унгарија.

Западнобалканските земји, вклучувајќи ја и Македонија, пред две и пол години беа зафатени од огромен мигрантски бран во кој над еден милион луѓе ја преминаа македонската граница и се упатија кон Западна Европа. Иако официјално западнобалканската маршрута е затворена, сепак преку шверцерски канали секојдневно стотици мигранти ја преминуваат македонската граница. Какви се безбедносните ризици кон земјите од овие илегални преминувања и кои мерки се преземаат?

– Во Македонија огромна бројка луѓе ја преминаа вашата граница. Во Словачка имавме сосема поинаква ситуација во однос на транзитните движења. Претпоставувам дека вашата погранична полиција има некој систем за да ги интервјуира овие мигранти. Македонската погранична полиција исто така треба да има единица за анализирање ризици, која ќе располага со податоци што понатаму ќе им користат на носителите на одлуки.

За разлика од останатите земји од ЕУ, Словачка не е дестинација каде што мигрантите посакуваат да останат, а бројките на оние што остануваат не се толку големи. Разменуваме разузнавачки податоци со Германија, Полска и со Чешка и на тој начин пресретнуваме камиони полни со мигранти.

ФРОНТЕКС вели дека балканската маршрута не е затворена, но бројките преку таа маршрута сега се намалуваат, бидејќи сега се отвораат нови маршрути, и тоа преку Словенија и Црна Гора.

Како е интегрирана оваа огромна бројка на луѓе во земјите од ЕУ, имајќи предвид дека во некои земји, особено во Германија и Шведска, е зголемена стапката на криминал по мигрантските приливи? Дали европските земји имаат капацитети за нивна инклузија во општеството?

Ова е многу широко прашање и има повеќе аспекти. Тоа во голем дел зависи и од тоа какви мигранти доаѓаат во овие земји, поточно во Германија и во Шведска. Секако постои голем ризик во поглед на безбедноста за овие земји, поточно за раст на криминалот. Германија, според мене, во моментов има голем проблем со системот за барање азил. Од моја гледна точка, Германија има т.н. „мека“ политика за добивање азил, бидејќи има доста простор од првото поднесување на апликацијата, па до регистрација и сѐ до конечната одлука за добивање азил. Во меѓувреме, мигрантот за тоа време е слободен да се движи во шенген-зоната, така што постои висок ризик за безбедноста во самата земја.

Враќањето на мигрантите назад во нивните земји е уште еден предизвик за западноевропските земји, кои не успеваат во таа политика и не ги враќаат мигрантите на кои не им е даден азил во нивните матични земји.

Колкав е ризикот да се повтори ситуацијата од пред две години на огромен бегалски прилив, имајќи ја предвид кревката ситуација во Сирија и на Блискиот Исток? Дали регионот е подготвен за тоа, имајќи предвид дека Македонија и Албанија отфрлија можност за градење бегалски кампови на нивни територии?

– Ризикот секако постои. Можеме да очекуваме големи приливи на мигранти, но не само од воените зони, бидејќи во Сирија ситуацијата за нијанса почнува да се стабилизира. Може да се случи и големи бројки мигранти да се упатат кон Европа пред сѐ и поради глобалното затоплување во трети земји, на пример од Западна Африка и Азија, бидејќи сега голем дел мигранти што влегуваат во Западна Европа се токму од Западна Африка од регионот на Сахара. Така што можеме да очекуваме уште еден голем бран, но не сум сигурен дека овој пат тој ќе биде преку западнобалканската маршрута.

Друг ризик е и економската ситуација во Русија. Таму голем број луѓе од Азија се економски мигранти, како што се од Виетнам, Пакистан и Индија и, ако економската ситуација во Русија почне да слабее или, пак, да се зголеми невработеноста, можеме да очекуваме уште еден мигрантски бран, со што во тој случај притисокот би бил врз источниот дел од шенген-зоната.

Словачка има проблем со илегалната имиграција од Украина, во поглед на виетнамските имигранти што оттаму се упатуваат кон Источна Европа.

Кои мерки се клучни во спречување и менаџирање на илегалната имиграција? Дали споделувате искуства со земјите од регионот, вклучително и со македонските колеги?

– Споделувањето информации е најважното нешто во справувањето со илегалната имиграција. Пак ќе повторам, доколку немавме споделено разузнавачки информации со Германија, немаше да можеме да пресретнеме камиони со мигранти на територијата на Словачка. Брзото споделување информации е клучно и е камен-темелник во борбата против илегалната имиграција. Државите треба да имаат добар систем на бази на податоци и навремено да ги прибираат.

Ќе го посочам примерот со Унгарија. Унгарските власти презедоа голем број мерки против илегалното преминување на границата, не само технички, туку имаа и промени во легислативата, односно секој мигрант што влегуваше на територијата на Унгарија е враќан назад на границата и враќан кон трета земја, на пример во Србија или, пак, остануваше во транзитните зони. И овие мерки што Унгарија ги усвои со закон не се преземаат во други земји во ЕУ, тоа е невозможно на пример да се спроведе во Шпанија, Италија или Германија, поради почитувањето на човековите права.

Дали државите во регионот, вклучително и Македонија, имаат институционални капацитети, вклучувајќи ги и локалните самоуправи, за инклузија на имигрантите во општеството, кои се одлучиле да останат тука?

Можам да зборувам за ситуацијата во Словачка. Таму само оние мигранти кои имаат високо образование или се експерти во некоја област сакаат да останат на територијата на Словачка. За останатите, Словачка е само транзитна земја. Поради тоа процесот на интеграцијата на овие луѓе во општеството е доста поедноставен.

Словачка пред две-три години почна да го отвора пазарот за нискоквалификувани работници за работа во фабриките, особено во автомобилската индустрија. Така што сега во фабриките за автомобили во Словачка претежно работат работници од Украина или од Србија и интеграцијата на овие луѓе кои имаат слична култура со нашата не е тежок процес.

Неда Димова Прокиќ

Вести

Ново привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, привремено ќе биде затворен регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави […]

Балкан

Турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој патувал Ципрас

За време на патувањето на премиерот на Грција, Алексис Ципрас кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го […]

Вести

Утврден редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Партиите кои поднесоа кандидатури за предвремени избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар, денеска во ДИК со жрепка ги добија редните броеви под кои ќе се најдат нивните кандидати на гласачкото ливче. Предвремените […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Вести

Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа

Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква, најави денеска бугарскиот патријарх Неофит. – Важно беше да се утврди името на државата и верувам дека постепено ќе одиме кон […]

Вести

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности. Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е […]

Интересно

Џенифер Лопез и Алекс Родригез во реклама за очила за сонце

Новопечените свршеници Џенифер Лопез и Алекс Родригез се поврзаа и во модниот свет, за новата кампања за очила за сонце на брендот Квеј Австралија. – Квеј Австралија е еден од моите омилени брендови откако ги […]

Интересно

Безжичните слушалки на Епл може да предизвикаат рак

Безжичните слушалки Ерподс на Епл, како и другите безжични додатоци на паметните уреди, може да предизвикаат рак, сметаат стручните лица од Универзитетот Беркли. Според д-р Џоел Московиц, тие технолошки уреди „комуницираат меѓу себе користејќи поле за […]

Вести

Смартфон кој издржува 50 дена со едно полнење (видео)

Новиот паметен телефон на релативно непознатата компанија Авенир телеком, може да издржи и 50 дена со едно полнење, а се вика „Енерџајзер пауер макс П18-К“. Уредот има бaтepијa oд 18.000 милиампер-часови што му го дозволува тоa, […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*