Минчев: Агенциите се последниот бастион на правичната и вистинска информација  

Традиционално, секоја година, Бугарската телеграфска агенција (БТА) на различни локации низ Бугарија, регионот и светот организира средба на бугарските новинари. Годинава „среќниот добитник“ за нивната средба е македонскиот главен град. Директорт на БТА, Максим Минчев, во интервју за МИА зборува за соработката и пријателставата меѓу агенциите од регионот, за професионалноста на агенциите, проблемите со кои тие се судруваат…. агенциите како бастион во борбата протви лажните вести…

Средбата на бугарските новинари со години е традиционална за вашата агенција. Зошто овојпат токму во Скопје, или како му дојде редот на Скопје?

-Оваа средба е традиционална за БТА. Таа се одржува од 2005 година и обично е или во Бугарија – Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Велико Трново или во некоја друга држава. Досегашните 13 форуми освен на бугарска територија се одржувале и во САД – Чикаго, Италија – Рим и Ватикан, Шпанија – Мадрид, Австрија – Виена, Романија – Букурешт, Грција – Атина, Холандија – Амстердам и Хаг, Чешка – Прага, во Србија, а во октомври минатата година бевме во Кишињев, Молдавија.

Тогаш, пред една година, одлучивме дека следниот состанок ќе биде или во Торонто, Канада или во Скопје. На крајот, пролетта го избравме пријателскиот главен град на Македонија, бидејќи за време на претседавањето на Бугарија со ЕУ главна тема беше соработката на Западен Балкан. Пред шест месеци ги определивме и датумите, но не очекувавме дека оваа есен во Македонија ќе биде „толку жешка“

Според агендата на конференцијата, ако се спореди со искуството од претходните, овојпат недостасуваат политичарите. Дали ова е чисто новинарски пакет ?

-Да, програмата на конференцијата е исклучиво новинарска. Во принцип, политичарите се гости на нашиот настан, а темите за кои се дискутира се поврзани со нашата професија и проблемите на бугарските медиуми. За добро или лошо Бугарија има голема дијаспора во светот (како и Македонија) и таа дијаспора има свои медиуми. Тие се наоѓаат во повеќе од 40 земји на сите континенти и имаат свои проблеми. Се обидуваме заедно да најдеме решенија. Покрај тоа, самата новинарска професија доживува неверојатно сериозни промени.

Кога видовме дека политичката ситуација во Република Македонија станува многу сложена, решивме дека форумот во Скопје треба да е целосно професионален и да ги поканиме нашите македонски колеги, со цел да разговараме за она што се случува околу нас.

Постојат уште две карактеристики на овој годишен форум. Првата е дека БТА секогаш има партнер и тоа е агенцијата во соодветната земја. Досега тоа беа ANSA, EFE, AGERPRES, APA, CTK, AP, ANA, TANJUG. Сега нашиот партнер е МИА, со која имаме прекрасно пријателство со текот на годините. Втората карактеристика е што иако БТА е јавен медиум, финансирањето на нашиот конгрес не е од државниот буџет, туку од бизнисот. Ова нè прави независни од политичарите и ја зајакнува довербата во нас.

Каква е состојбата со медиумите според вас? И Македонија и Бугарија и целиот Балкан се некаде на дното на скалата за слобода на медиумите.

-Ова е најкомплексното прашање. Навистина медиумите на Балканот не се во најдобра состојба, но нели тие се и одраз на општествените процеси – политички, економски, културни, религиозни. Рангирањето на сите организации е точно, но не сосема. Слобода на говорот има и во Бугарија и во Македонија, но не се решени некои други прашања – на пример не е секогаш јасна сопственоста на медиумите, не е чиста нивната зависност од политиката, влијанието на економските двигатели, автоцензурата, итн. Но, проблемите на т.н. „четврта власт“ не се само балкански, туку тие се глобални и една од причините е брзата промена во инфраструктурата на средствата за масовно информирање и диктатот на информатичката технологија.

Колку агенциите можат да бидат клучни стожери во борбата против најголемата провокација на денешното новинарство, а тоа се лажните вести?

-Агенциите денес се од големо значење. Според последните истражувања над 80 проценти од светските информации се пласираат преку новинските агенции, а останатите преку радиото, телевизијата и печатот. Зборувам за информациите и тоа не е мое мислење, туку на светски експерти. Денес, кога новинарите не сме „сами“, туку заедно со досегашните читатели, гледачи и слушатели, и кога т.н. „нови медиуми“ се повеќе заземаат простор (заслужено или не), кога насекаде постојат т.н. лажни вести, токму агенциите остануваат последниот бастион на правичната и вистинска информација.

МИА има идеја наредната година да ги собере новинарите од информативните агенции од регионов, отворено да поразговараме околу независноста и професионалното новинарство, и дали само тоа може да го штити професионализмот во медиумскиот простор, каде се тука агенциите… Што мислите за една таква идеја?

-Ја поддржуваме идејата на МИА за таков меѓународен форум и ќе ни биде задоволство да учествуваме ако бидеме поканети. Денес повеќе од кога било, кога нашиот еснаф е подложен на такви силни струи, многу е важна не само новинарската солидарност, туку и нашата заедничка одговорност. Ние треба да им понудиме на политичарите и јавноста правилни одлуки и да ги потврдиме нашите професионални вредности. Инаку, новинарската професија или ќе згасне или ќе се промени до тој степен што никој веќе нема да сака да се занимава со неа.

Габриела Точко

Вести

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи; […]

Вести

Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е […]

Вести

Нов пакт меѓу Франција и Германија

Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија ослабена со порастот на национализам, јавува дописникот на МИА. Потпишувањето […]

Вести

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности. На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори Во овој случај обвинети се […]

Вести

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис […]

Балкан

Продолжува комисиската расправа во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор

Во 10.30 часот по локално време, денеска продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави […]

Интересно

Муралите на Универзитетот Нотрдам ќе бидат покриени поради политичка коректност

Универзитетот Нотрдам во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите на оваа католичка образовна установа, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Тоа следи по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните […]

Интересно

Бон Џови дели бесплатни оброци за државните службеници што останаа без плата

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада. На официјалната страница на ресторанот […]

Интересно

Неуспешен обид за Гинисов рекорд (ФОТО)

Дечково испратил официјално барање до канцеларијата на Гинисови рекорди во Њу Јорк да пратат свои претставници кои би го забележале неговиот рекорд. Се пофалил дека може да го запамти бројот pi до две цифри. И […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*