Матеј Закошњек за МИА: Кризата покажа дека кога работиме заедно, работиме многу добро


– Врз основа на согласност на ЕУ и на претставниците на државите од Југоисточна Европа, Регионалниот управен комитет на 6 јули одлучи да го назначи Словенецот Матеј Закоњшек за прв директор, а Македонката Љуба Силјаноска за заменик директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната зедница на ЈИЕ (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија, Косово и Црна Гора).

Целта на ТЗ е правилата, принципите и политиките на ЕУ за транспортниот пазар да се прошират до земјите од Западен Балкан преку правно обврзувачка рамка.

Транспортната заедница е основана со Договорот за основање на ТЗ потпишан на 12 јули 2017 година во Трст, а седиште на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница беше отворен во Белград кон средината на септември минатата година.

Закоњшек пред да биде поставен за прв директор на ТЗ работеше во Директоратот за мобилност и транспорт на Европската комисија, каде што работеше на транспортните односи со земјите од Западен Балкан.

На средбата на премиерот Зоран Заев со директорот на ТЗ Матеј Закоњшек на 22 септември, констатирано е дека вложувањето во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем интегриран во регионот и ЕУ, е од исклучително значење за развој на стопанството и за повисок квалитет на животот на граѓаните.

Во интервјуто кое во Белград дописникот на МИА го направи со Закоњшек, тој говори за целите, задачите и значењето на Транспортната заедница и за плановите за Северна Македонија. Во продолжение следува целото интервју со Закоњшек.

Г. Закоњшек Вие сте првиот директор на Транспортната зедница на ЈИЕ. На брифингот со странсите новинари во Белград, наведовте дека таа преставува своевидна помош за воведување на европски стандарди во ЈИЕ, пред шест земји членки на ТЗ да влезат во ЕУ. Објаснете ни повеќе од кого е основана и која е нејзината цел и задача?

Транспортната заедница е меѓународна регионална организација во областа на мобилноста и транспортот, чии членки се 33 држави – членките на Европската унија (27) и шесте регионални земји партнери од Западен Балкан.

Нашата цел е да работиме на интеграцијата на транспортните пазари на земјите од Западен Балкан во ЕУ преку поддршка на шесте партнери од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, да го усвојат и спроведат законодавството на ЕУ во областа на транспортот и преку поддршка на проекти кои ги поврзуваат регионалните партнери од Западен Балкан – меѓусебно и со ЕУ.

Нашите граѓани очекуваат од администрацијата да им обезбеди одржлива поврзаност. За да се постигне ова, треба да се изградат, рехабилитираат и поврзат транспортните инфраструктури и да се модернизира транспортниот систем во согласност со современите трендови. Поврзувањето го поттикнува растот и пазарот на работните места, создава нови врски и можности, ги потикнува добрососедските односи и е основа за траен мир и напредок. Задоволни сме што имаме одлична комуникација со Владата на Република Северна Македонија, како на политички, така и на технички план.

Кои се приоритетите на работата на Транспортната заедница на ЈИЕ?

Со цел Транспортната заедница да стане доверлив партнер на граѓаните и владите во регионот, дефиниравме низа приоритети на кои што ќе ја насочиме нашата работа.

Како прво, треба да го направиме патувањето со железница возможно и привлечно за нашите граѓани и за економскиот сектор. Треба да инвестираме во железничките системи и да ги поддржиме мултимодалните решенија за да се пренасочи што е можно повеќе карго од патната железница. Исто така, треба подобро да ги искористиме внатрешните водни патишта и поморскиот транспорт. Ова ќе и помогне на деловната заедница, ќе го направи воздухот почист, а патиштата побезбедни. Нашите граѓани не само што ќе можат да уживаат во убавините на Балканот кога патуваат со воз, туку исто така ќе имаат и доверлив, брз транспорт што ќе ја заштити животната средина.

Второ, треба да ги направиме патиштата во регионот побезбедни. Многу човечки животи се изгубени и многу луѓе се сериозно повредени. Додека безбедноста на патиштата генерално е подобрена во ЕУ, бројот на жртви и сериозно повредени на Западниот Балкан е над просекот на ЕУ. Во Северна Македонија секоја година има повеќе од 100 жртви на патиштата и затоа мора да се преземат решителни чекори. Нашата цел е јасна: да нема повеќе загинати и сериозно повредени во сообраќајните несреќи на нашите патишта (и железнички премини). Безбедните патишта не се политичка цел, туку наша морална обврска.

Понатаму, транспортот на стоки и движење на луѓето низ регионот и кон Европската унија треба да биде непречен и безбеден. Границите не треба да бидат извор на фрустрација и доцнење. Граѓаните на нашите регионални партнери, посетителите и деловната заедница предолго се задржуваат на граничните премини, особено на премините со земјите од ЕУ.

И конечно, регионот на Западен Балкан треба да биде подобро поврзан. Патувањето и превозот на стоки треба да биде побрз, поевтин, поздрав и попријатен за патниците. Тоа треба да го направиме со инвестирање во одржлива инфраструктура и поврзување на патиштата, железниците, пристаништата и аеродромите во рамките на Трансевропската транспортна мрежа (ТЕН-Т).

Кој е првиот конкретен чекор на ТЗ, во смисол на функционирањето на „Зелените коридори“, за што ќе се расправа и на следниот Министерскиот совет на ЕУ во ноември?

На самиот почеток на пандемијата на КОВИД-19, Транспортната заедница, заедно со регионалните организации ЦЕФТА и РЦЦ, предложија воспоставување на таканаречени Зелени коридори за да се обезбеди слободен проток на основни добра на Западен Балкан. Со тоа, овозможивме обезбедување на приоритетен третман за одредени видови на стоки (главно храна и медицински средства) преку електронска размена на податоци на граничните служби и овозможување на 24/7 работа на граничните служби на точно одредени гранични премини долж главните коридори.

Преку иницијативата на „Зелени коридори“ и покрај наметнатите санитарни контроли и затворањето на повеќе гранични премини во регионот и помеѓу регионот и ЕУ, во протокот на стоки немаше поголеми прекини или застој. Иницијативата беше широко прифатена од регионалните партнери и претставува конкретен пример за тоа како добрата координација помеѓу различните администрации на партнерите во Западен Балкан може да даде позитивен резултат за целиот регион. Недостигот на храна или на медицински средства или блокирањето на границите на Западен Балкан беше избегнато благодарение на предложените мерки за координација.

Кризата ни покажа дека кога ние работиме заедно, работиме многу добро, а истовремено ЕУ ја покажа својата силна посветеност кон регионот. Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој што треба да се одржи наскоро, ќе биде уште еден важен симбол на нашето партнерство. Се надеваме дека за време на форумот, кој ќе го копретседаваат Северна Македонија и Бугарија, ќе биде постигнат политички договор за поголема регионална економска соработка, а поврзаноста е клучен дел за истата. Се надеваме на јасна заложба за подобрување на граничните процедури со продолжување на функционирањето на Зелените коридори и нивно понатамошно ширење, како и обезбедување на средства за проекти кои се однесуваат на граничните премини.

За кои инфраструктурни проекти Северна Македонија може да добие подршка од Транспортната заедница?

Проектот за Интегриран граничен премин на границата во Табановце / Прешево, кој што го посетивме оваа недела заедно со РЦЦ и ЦЕФТА, е добар пример за тоа како олеснувањето на транспортот може да донесе придобивки за регионот. Во моментов, Западен Балкан губи околу 800 милиони евра годишно поради немањето заеднички царински контроли на граничните премини или две евра по час чекање на камион на границата.Транспортната заедница ќе продолжи да работи заедно со Владата во Република Северна Македонија за проширување на заедничките гранични премини и во останатите делови од земјата и наша крајна цел е сите гранични премини да работат на „едношалтерски систем“ или како што ние го нарекуваме „едношалтерко движење“ („one stop-go”).

Друг важен проект во вашата земја е изградбата на железничката делница помеѓу Скопје и Софија, која што пртставува значаен предизвик за поврзување со ЕУ. ЕУ веќе издвојува 130 милиони евра за овој проект и сега сите напори треба да бидат насочени кон комплетирање на ова значајно поврзување.

Оливер Бранковиќ


Втор ден собраниска расправа за заменици на министри во Владата - МИА
Вести

Поднесени амандмани на измените на Законот за заштита од заразни болести

– Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандамни на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено […]

Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*