Ист Гејт Мол – нов урбан ритам на градот!


Ист Гејт Мол вклучува 220 продавници 2.000 паркинг места, модерно кино за 1.100 посетители, ресторани и услуги за храна со мповеќе од 1.500 места.


 

Уникатен естетски дизајн, модерна структура на голема површина, урбан објект за различни искуства. Се наоѓа во „срцето“ на Балканот, место за стратешка економска експанзија и бизнис.

Во пресрет на отворањето на најголемиот Мол во регионот, ексклузивно разговаравме со генералниот директор на Ист Гејт Мол г -дин Сотирис Гинакудакис кој ексклузивно откри детали за порталот Опсервер.

– Ист Гејт Мол припаѓа на новата генерација и поседува иновативни области за шопинг, релаксација, бизнис и квалитено живеење. Тој комбинира неколку активности обединети на едно место – вели генералниот директор г-дин Гинакудакис.

Културен и социо-економски развој

Освен тоа што Ист Гејт Мол е достапен за жителите на Македонија, тој ќе биде и топ дестинација за жителите на Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Грција.

Дел од инвестицијата која чини 350 милиони евра, има за цел да го трансформира источниот дел на градот Скопје.

Ова е најголемата комерцијална зграда во историјата на земјата и ќе придонесе за повеќе од 2.500 нови работни места.

– Потекнувам од блиското соседство (Грција – Кавала) и среќен сум што Скопје добива таква инвестиција. Тоа е „фактор за промена“ на државата, бидејќи Молот е речиси двојно поголем од трговскиот центар во Солун кој што е „популарна дестинација“ за граѓаните на Скопје. Ова ќе биде далекусежно најдобриот Мол, во опсег од 300 километри во главниот град.

Заедно со фактот дека Скопје е многу убав град, тој ќе биде атракција за посетителите на другите соседни земји.

На тој начин овозможува огромен придонес за туристичкиот сектор, ја зголемува неговата способност и со тоа ќе го зголеми постоечкиот пазар, смета тој.

Ист Гејт Мол е конекција помеѓу различните делови на Европа

Ист Гејт  ја поврзува Источна и Западна Европа. Во исто време тоа е првиот трговски центар на источната страна на градот Скопје, на булевар каде поминуваат повеќе автобуски линии (како што се 2, 2А, 50, 16, 65Б…).

– На отворањето на 29 октомври ќе претставиме не само нов начин на купување со повеќе од 40 нови брендови, туку и нов начин на одмор, забава, услуги за целото семејство и за сите возрасни групи.

Ист Гејт Мол ќе биде симбол на совршен малопродажен простор што ќе обезбеди на градот рамнотежа во купувањето, приватност, забава, рекреација и задоволување на сите вкусови, заклучува г -дин Сотирис Гинакудакис.

Рената Блажевска