Грубишиќ: Музејот на раскинати врски прикажува силно индивидуално, а сепак универзално  искуство

До крајот на месецов е отворена и бесплатна за посетители изложбата на Музејот на раскинати врски од Хрватска во Младинскиот културен центар во Скопје. Ова е втора средба на поставка од необичниот загрепски музеј со скопјани, по првото гостување во 2007 година во холот на главната Пошта.

Музејот во Загреб го основале уметниците Олинка Виштица и Дражен Грубишиќ откако во 2003 година ја раскинале четиригодишната врска и не знаеле што да прават со предметите што им останале по раскинувањето. По три години ја реализирале идејата за основање музеј во кој ќе собираат донации на предмети со исповедни приказни од пропаднати врски. Не само што е оригинален по идејата, туку е и првиот загрепски музеј во приватна сопственост, а покрај постојаната поставка во Загреб, има и уште една во Лос Анџелес.

Грубишиќ за МИА вели дека тоа што досега предмети од нивниот музеј гостувале во повеќе од 50 градови во цел свет е доказ дека оваа изложба ги преминува границите и се занимава со емоцијата која на сите ни е блиска: љубовта и престанувањето на љубовта.

Колку експонати поседува Музејот на раскинати врски во постојаната поставка во Загреб, а колку се претставени во Скопје?

Од нашата колекција донесовме 50 експонати во Скопје, а локално собравме уште 12. Во Музејот во Загреб имаме изложени 94 приказни, и тоа е некој максимум. Никогаш не изложуваме повеќе од сто затоа што сметаме дека на луѓето треба да им се понуди оптимален број за да не ги замори.

Инаку, во архивата имаме повеќе од 3.000 предмети, така што можеме секогаш да комбинираме различни теми и различни чувства.

Дали луѓето се расположени да донираат? Колку предмети годишно добивате и постојат ли одредени критериуми за тие да бидат прифатени во збирката?

Откога почнавме со Музејот, значи од 2006 година до денес, не престануваме да добиваме нови предмети. Понекогаш само доаѓаат по пошта, а понекогаш луѓето ги донесуваат во Загреб. Голем број собираме и на гостувачките изложби бидејќи тогаш, во соработка со локалните организатори, обично ги собираме најдобрите приказни и предмети.

Од самиот почеток рековме дека нема да примаме само предмети кои се навредливи на некоја расна или национална основа, меѓутоа до денес не се случило да добиеме такво нешто, така што, ете, прифаќаме сè.

Може ли да издвоите некои од предметите како најнеобични или по емотивноста на приказната што ги придружува?

Ова е прашање на кое е најтешко да се одговори зашто јасно ви е дека кога имате толку голема архива, тука има страшно многу приказни и предмети кои ќе ве потресат или кои спаѓаат во категоријата необични.

Сигурно под необични спаѓаат камен од жолчка или, можеби, силикони извадени од нечии гради, а што се однесува до емотивните, тука, сепак, се вбројуваат оние што се однесуваат на семејството.

По 11 години вторпат доаѓате во Скопје. Има ли Музејот во својата збирка сведоштва за распаднати љубови од Македонија?

Да, има еден предмет што го добивме во Скопје во 2008 година и тој доста пропатува до денес. Резанка лубеница, всушност тоа е парче дрво, но обоено како резанка лубеница. Одлично изгледа и има кратка и симпатична приказна.

А еве, сега, собравме уште неколку предмети, па некои од нив и ќе продолжат да патуваат.

Досега сте гостувале во градови на сите континенти. Какви се впечатоците на посетителите,  на што најмногу реагираат?

Тоа што досега сме гостувале во повеќе од 50 градови во цел свет е сигурно и доказ дека оваа изложба ги преминува границите и се занимава со онаа емоција која на сите ни е блиска: љубовта и престанувањето на љубовта. Каде и да дојдеме, реакциите се исти. Постојат можеби некои културолошки разлики кои се гледаат во приказните од одделни земји, стилот на пишување или начинот на презентација, но самата реакција на посетителите е секогаш иста.

Во Загреб покрај Музејот имаме и мало кафуле каде што знам да седнам и да сработам нешто со кафе. Често тогаш посетителите кои ја завршиле обиколката на музејот седнуваат да ги средат впечатоците, па сакал-нејќел слушам што коментираат. Секогаш почнуваат со тоа што тие би донирале и кои приказни најмногу им оставиле впечаток.

Интересно е што ретко е тоа ист предмет. Изгледа дека секој, со оглед на своето искуство, избира нешто што најмногу му оставило впечаток. Така што, од една страна тоа е силно индивидуално, а сепак толку универзално искуство.

Хатка Смаиловиќ

Фото: Ивана Батев 

Вести

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, […]

Балкан

„Блиц“: САД подготвени на поекстремни потези кон Приштина

По одбивањето на Приштина да ги повлече таксите за производи од Србија, САД се подготвени на поекстремни потези, кои би требало да ги погодат директно политичките лидери на косовските Албанци и нивните главни проекти, пишува […]

Вести

Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот […]

Вести

Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни […]

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Интересно

„Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите

Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации. Годинава навршуваат 28 години од смртта на […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*