Героска – Ѓуровска од Биоаграр: Органското производство претставува здравје на глобално ниво


Органското производство без употреба на инсектициди, пестициди, фунгициди и вештачки ѓубрива со регулатори на раст, хормони, антибиотици и генетски модифицирани организми – претставува избор на секоја нација која се грижи за сопственото здравје.


 

Органското производство е комплетен систем за управување со фарма и производство на храна кој комбинира најдобри еколошки практики, високо ниво на биодиверзитет, зачувување на природните ресурси и примена на високи стандарди за благосостојба на животните.

Желбата на одредени потрошувачи да купуваат производи кои користат природни состојки и се добиваат врз основа на природни процедури, се задоволува со органското производство.

Желбата за органско производство поттикната од неправилниот начин на исхрана кај населението

Компанијата за органско производство „Биоаграр“ од Ресен ја започнува приказната во 2014. Советникот за органско производство Ангела Героска – Ѓуровска за „Опсервер“ ги споделува искуствата со почетоците на секторот во Македонија и макотрпниот пат во убедувањата на населението за важноста на здравиот начин на живеење.

– Мотивот беше потрага по здрава храна. Во тој период кај нас беше мал бројот на органски производители, а органската храна ретко достапна. Моите ангажмани во Грција ме поттикнаа да го направиме истото достапно и кај нас. Пример на Крит има доста органски производители на зеленчук и интересно што кај нас тие работат со договорено производство и договорена цена однапред. Од 2014 до сега постојано сум на терен со земјоделци. Како сопственик постојано се трудам да може да бидеме во чекор со тоа што се нуди на ЕУ пазарот и истото да го спроведиме и кај нас. „Биоаграр“ е застапник за грчката компанија Геовет Хелас од Грција и Панамин од Австрија, вели таа.

Ангела Героска – Ѓуровска, советник за органско производство во „Биоаграр“, Ресен

Денес младите се насочуваат кон поинакви професии од земјоделието, за што е потребно да се делува во општството. Од друга страна земјоделието се соочува со низа проблеми, за кои да се решат е потррбно подолг временски период.

– Соработката со професори агрономи од Грција и Бугарија ни помага навремено и финансиски најбезболно да да им помогаме на земјоделците кога има некаков проблем. Ние сме земјоделска дрзава имаме потенцијал и моземе да бидеме лидери во регионот но за жал земјоделието сеуште кај нас не е многу ценета професија и реално недостасува едукација на земјоделците не само во делот на органското производство, туку и кај конвенционалното производство. За квалитетен производ потребно е само труд и навремено и правилно третирање. Јас велам дека има иднина во земјоделието и треба младите да се приклучат кон земјоделското производство.

Земјоделието е една од ретките гранки на која не делуваше пандемијата и продолжи да функционира целиот период. Напротив голем дел од населението од градовите се врати во селата, за да се заштити од пандемијата и да го спречи мешањето со повеќе контакти. Единствениот приход и занимација им остана исклучиво обработувањето на земјата.

– Минатата година кога се појави пандемијата факт е дека немаше застој само во земјоделието. Јас се надевам дека со поддршката која ја дава државата за младите да се приклучат во земјоделие како сега брзата достапност до секаква информација навистина ќе се променат нештата и ќе имаме што повеќе млади во овој сектор и повеке органски производители, потенцира Героска – Ѓуровска.

Напредокот во секторот продолжува со цел анимирање на целото населени и едукација за здравата исхрана, како би се постигнали повеќе долгорочни ефекти. Еден од нив е продолжување на животот на населението, доколку конзумираат здрави состојки.

– Ние БИОАГРАР ке продолжиме и понатаму да бидеме блиску до земјоделците и се надевам на проширување на нашата палета на ѓубрива и заштитни средства како и семенски материјал за дозволено органско производство, заклучува Ангела Героска -Ѓуровска.

Развој на органското производство

Во почетокот на 20 век започнува потрагата по алтернативни процедури во земјоделството.

Во 1924 година, Австриецот Рудолф Штајнер го основал биодинамичкото движење.

Првичниот постулат на ова движење е дека биодинамичкото земјоделство мора да се заснова на фарма, каде што се комбинираат растителното и животинското производство. Неговиот основен принцип во земјоделството бил: Не може да се даде живот на земјата само со додавање на хемикалии на неа.

Биолошкото движење основано од Ханс Мулер во Швајцарија во 40-тите години на 20 век, сè уште е присутно во земјите каде се зборува германски јазик.

Загриженоста за здравјето на луѓето и животната средина како резултат на зголемената употреба на пестициди во земјоделството, расте во раните шеесети години на минатиот век.

Во САД со основањето на Институтот за нова алхемија и еколошка акција, се појавуваат организации кои се обидуваат да произведат храна со намалена употреба на вода, ѓубрива и пестициди.

Денес во земјава, компанијата Биоаграр се стреми за следење на глобалните трендови, поттикнување на работа во земјоделието и највисокиот стремеж –  употреба корисна храна за сите генерации.

Рената Блажевска