Бутик за венчаници „Јасмина“: Најубаво е да работиш на исполнување на сонот на секоја невеста и среќни сме што учествуваме во таквата визија на младите парови


Венчаниците се еден од најважните модни детали за свадбената церемонија.

 

 

Најголемиот дел девојки мечтаат за својата бајка и креација на невестинскиот фустан според сопствема замисла.

Со текот на вековите, боите, стиловите и украсите менуваат – но, единствено специјалниот невестински фустан е симбол на престиж во животот на дамите.

Затоа не е изненадувачки факт што идните невести издвојуваат од стотици до илјадници евра за венчаници.

Волшебството на венчаницата

Бутикот „Јасмина“ специјализиран за венчаници кој го носи името на помладата ќерка во семејството и се наоѓа во Т.Ц. Мавровка во Скопје, е опремен со венчални фустани за различни вкусови. Умешноста на сопственичките за создавање модел по желба од каталог, овозможува креациите од светските модни писти сега да бидат достапни на секоја невеста која ќе им се обрати.

Модниот креатор Јасмина Шоповска за „Опсервер“ зборуваше колку ужива во дизајнот на венчаници, од отварањето на бутикот до денес.

– Нашата приказна трае цели 25 години. Тоа го започна мојата мајка и до денес работиме заедно. Нејзина беше идејата да отвориме бутик за венчаници. Сеге веќе сме вклопени, прилагодени и си помагаме наизменично. Работиме брзо, бидејќи долги години го правие тоа. И правиме спој на трдиционалото со модерното во шиењето венчаници.

Стремежот на сопственичките е остварување на единствените желби на дамите кога е во прашање венчаницата. Тие се радуваат кога невестата и нејзиниот партнер се задоволни од креацијата. Како што велат многу е важна нејзината практичност, за минување на целиот ден во таа гардероба на свадбата.

– Најубаво е да работиш на исполнување на сонот на секоја невеста. Ние како салон за венчаници „Јасмина“ сме среќни што учествуваме во таквата визија на младите парови. Уште од мали нозе секое девојче замислува како би изгледала како невеста.Тоа е доволен поттик и мотив да ја работам оваа работа, вели Јасмина.

Јасмина Шоповска- бутик за венчаници „Јасмина“

Следење на трендовите и почитување на минатото – комбинација за удобна венчаница

Осмислувањето на естетски дизајнирана венчаница, за потоа да следува квалитетна реализација на модел кој совршено прилега на телото на невестата е процес кој подразбира имагинација и макотрпност.

Во исто време во голема конкуренција на бутици на венчаници, докажувањето на својата умешност кон клиентите не е едноставно.

– Доколку оваа работа ја работиш со голема љубов, трпение и вложување труд брзо се доаѓа до успех. Секој почеток е тежок, но едноставно брзо се вклопивме во овој пазар. Нашите креации се рачна изработка и спој на модерното и традиционалното.

За да се постигне имагинацијата во материјално издание пптребна е временска рамка, која треба да биде кратка непосредно пред одржувањето на свадбената церемонија. Ова е особено важно доколку телото на невестата може да се промени, како резултат на биолошките процеси.

– За да можеме да функционираме во оваа работа пред се потребно љубезност, прецизност и креативност. Секако дека прво е потребно да се осмисли моделот на венчаницата, а ние тоа го правиме според карактерот и градбата на телото на самата невеста. Затоа креативноста е многу важен фактор во оваа професија и не е само кроењето и шиењето, потенцира Јасмина.

Од лист хартија до магичен и практичен производ 

Слободната замисла на модниот креатор или светските каталози биле репер на почетоците за создавање вренчаница. Денес процесот се смета за поедноставен.

– На почетокот кога почнавме со оваа работа немаше толкав пристап до интернет.

Тогаш се користеа списанија и нашата фантазија пресликана на лист хартија, објаснува таа.

Заработката од венчаници опаѓа во пандемијата

Профитабилноста се намалува, со ограничувањата со мерките од пандемијата. Голем дел брачни парови одлучија да не прават свадби, заради протоколите и со тоа потрошувачката на венчаниците е помала.

– Заработката секако не е иста како и порано. Цените на венчаниците се исти, но на материјалите и чипките се зголемени.

Пандемијата ја осетивме сите, но можам да кажам дека нашиот сектор најмногу. Овој сектор свадби имаше забрана за работа минатата година, но оваа година со прецизни протоколи што значи и многу помали свадби.

Нова колекција венчаници за сезоната 2022/2023 во бутик „Јасмина“ Т.Ц. Мавровка

Моделирањето на се понови колекции придонесува промена на стилот на венчанивите. Тоа овозможува аспирациите на невестите да се менуваат и да гледаме се почесто невообичаени венчаници.

-Во иднина сакам да ја продолжам оваа работа. Имам прекрасни планови и спремаме нова колекција на венчаници за престојната сезона. Така да се надевам наредната година ке има свадби во нормални услови, тоа сите го посакуваме. Со нетрпение ја чекаме следната сезона за да ги видиме нашите невести среќни, задоволни и насмеани, заклучува модниот креатор Јасмина Шоповска.

Краток историјат на венчаницата и профитабилноста поттикнатa од статусот на семејството – до денешната условеност од пандемијата

Венчаниците прв пат се појавуваат во стариот Египет, кога невестите биле облечени во материјали од лен или памук. Единствен свечен детал бил украсот изработен од златен вез, кај семејствата кои имале високи приходи.

Традицијата со невестинскиот фустан се пренела во Рим, каде што невестите носеле бел фустан со појас околу половината. Задолжителен бил црвениот превез.

Во средниот век во поголемиот дел земји невестите биле облечени во согласност со статусот на семејството. Богатите девојки поседувале рачно изработени венчаници, од свила и кадифе. Тие биле украсени со вез од златни и сребрени нишки, крзно и накит.

Венчаниците во Европа се креирале во боја, се до 19 век. Праксата се променила во Обединетото кралство во 1840 година од кралицата Викторија, која била облечена во бела венчаница на сопствената свадба и накит од непроценлива вредност.

Свадбените фустани во бела боја ја задржуваат својата форма до денес. Бидејќи нивниот модел е стандарден, креаторите вложуваат максимални напори да покажат различни дизајни на безвременски класици.

Денес се случуваат нај големите промени на венчаницата. Долгите се заменуваат со кратки, кои ја следат линијата на телото. Цветни детали, ракави во различна форма и различни агли и тесен струк се само дел од додатоците на модерната венчаница.

Статистиките покажуваат, во 2021 година заработката на модните креатори за венчаници опаѓа за 50 проценти во споредба со изминатите години.

Рената Блажевска